9.9 C
Прилеп
недела, 11 мај, 2025
Пела Радио

Во Прилеп спроведена обука на негувателките од градинките во регионот

Социо-емоционалниот развој и учење се предуслов за правилен раст и развој на децата од предучилишна возраст, а соработката на релација воспитувач-негувател е една од основите за тоа, констатираа околу 40 негувателки од градинките од Прилеп, Крушево, Македонски Брод и Кривогаштани на денешната обука на негувателите од градинките која се одржа во Прилеп. Активноста е дел од програмата за унапредување на социјалното и емоционалното учење кај децата. Обуките ги спроведува ЕДУЛЕНД- Асоцијација на едукатори и професионални заедници во партнерство со канцаларијата на УНИЦЕФ во Скопје, како дел од програмските активности на проектот: „Градење на капацитетите на негувателките во предучилишните установи”. Со тоа Министерството за труд и социјална политика  продолжи да работи на унапредување на квалитетот на сервисите и зајакнување на професионалните компетенции на вработените во установите за деца, како дел од заедничката соработка со Канцеларијата на УНИЦЕФ и Бирото за развој на образованието,.

Во шесте градинки од Јавната општинска установа Детски градинки „Наша иднина“ Прилеп се вработени 40 воспитувачи и 52 негувателки.

Би можело да ве интересира

Католичките веници вечерва го слават Бадник,во пресрет на утрешен Божиќ

Елизабета Филипоска

Женско е првороденото бебе во 2023 та во Прилеп

Гордана Цветаноска

Селектираната отпадна пластика од домовите (жолта канта) ќе се собира на 2 недели

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе