11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

КРИЗАТА „ИЗЕДE“ 60 ПРОЦЕНТИ ОД ДОБИВКАТА НА „ВИТАМИНКА“

Прехранбена индустрија „Витаминка” АД нотираше позитивен финансиски резултат од работењето во првите три месеци од годинава. И покрај тоа, кај прикажаните бројки со кои се сумираат активностите, видливи се поместувања во однос на истиот период од 2022.,- пишува порталот, пари.мк

Добивката по оданочување е намалена за 60 проценти и е во износ од 5,598 илјади денари, односно 90,8 илјади евра.

Од јануари до март се остварени приходи од 13,39 милиони евра (826,281 илјада денари), при што е забележан незначителен пад од 0,78 отсто. Во структурата на вкупните приходи најголемо е учеството – 99 проценти на приходите остварени од продажба на производи и услуги од основната дејност.

Намалување има и кај расходите, за четири проценти и се во вкупен износ од 13,06 милиони евра или 805,601 илјада денари.

Во извештјот доставен до Берзата, од компанијата наведуваат дека во првото тримесечје се преземени соодветни активности согласно мерките за продажба на сончогледовото масло за јадење. Трендот на вкупниот приход се оценува дека „не е лош“, но се додава „неблагодарно е да се предвидува во услови на голема макроекономска нестабилност“.

Исто така, од „Витаминка“ посочуваат дека раководството ги разгледува тековните пакет мерки донесени од Владата, „со цел амортизирање на негативните ефекти на  континуираното деловно работење“, при што внимателно се планира тековната ликвидност и оперативните активности.

Преземено: pari.com.mk  https://pari.com.mk/krizata-i-merkite-izedoa-60-procenti-od-dobivkata-na-vitaminka/

Би можело да ве интересира

Работниците од ,,Дрекслмајер” на принуден одмор без прецизен старт на повторно производство

„Не постои пример во светот каде се носи закон за ретроактивен период“ – ССК на Македонија за новиот данок на екстра профит

Пела Редакција

(ВИДЕО) Аирлија почеток на тутунскиот откуп

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе