8.7 C
Прилеп
недела, 11 мај, 2025
Пела Радио

Авто Контрол: Сообраќајната култура е клучна за безбедноста во сообраќајот

Станицата за технички преглед Авто Контрол Прилеп во соработка со МВР и сообраќајната струка при СОУ „Ристе Ристески Ричко“ Прилеп по повод 11 мај, Денот на културата во сообраќајот, иницираше превентивна активност.

Вработени од Авто Контрол, заедно со учениците и полицијата во централното градско подрачје поделија флаери со едукативна содржина и подароци со единствена цел да потсетат на правилата и да поттикнат побезбеден и посмирен сообраќај, помалку незгоди, помал сообраќаен метеж и помалку настрадани лица на улиците и патиштата.

„Секое незнаење, некултура и непочитување има цена. Но, незнаењето, некултурата и непочитувањето на правилата во сообраќајот чинат изгубени човечки живот. Сообраќајната култура е важна за безбедноста во сообраќајот и не претставува само познавање на сообраќајните правила и прописи, туку истовремено претставува и навика, почитување и применување на правилата. Важноста за почитување и применување на правила да ја пренесеме сите ние заедно на поинаков начин на еден ваков ден.

Да се почитуваме меѓу себе, како луѓе и како учесници во сообраќајот и заеднички да изградиме систем на општествени вредности во кој што културата во сообраќајот ќе има водечко место.

Да ја зголемиме свеста и одговорноста на нашите клиенти и сограѓани и сите заедно да придонесеме за безбедно учество во сообраќајот на денот на културата во сообраќајот и секој нареден ден,“ посочуваат од Авто Контрол Станица за технички преглед Прилеп.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп 3 нови случаи на заболени од Ковид 19

Гордана Цветаноска

Редовните прегледи и консултации пресудни во борбата против карцином кај мажите

Се зголемува буџетот на Општина Прилеп за 12,7%

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе