25.4 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Во Прилеп 3 нови случаи на заболени од Ковид 19

Во изминатите 24 часа, од Министерството за здравство соопштуваат дека се потврдени 20 нови случаи на Ковид-19, од кои 12 случаи во Скопје, три во Прилеп, два во Тетово и по еден случај во Куманово, Битола и Гостивар.

Институтот за јавно здравје регистрирал 24 оздравени пациенти, односно, 11 во Скопје, десет во Куманово, два во Велес и еден оздравен пациент во Тетово.

Вкупната бројка дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 1642, бројката на оздравени пациенти е 1136, на починати е 91. Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 415.

Досега во државава се направени 19.096 тестирања на Ковид-19, додека во изминатото деноноќие се направени 275 теста.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО)Николоски: во рок од 4 г. ќе ги решиме сите инфраструктурни прашања во општина Прилеп

Денеска гласаат болните, затворениците и дијаспората

Мечката му го откинала носот на 46-годишниот Ицко Милески од с.Секирци

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе