Во саботата на 13 мај 2023 година во Малта се одржа јубилејното 75-то генерално собрание на Европската Боксерска Унија. Од страна на Боксерската Асоциација на Малта состанокот беше организиран на високо ниво. Присуствуваа 38 членки од Европа а меѓу нив и двајца делегати од Про Бокс Македонија, секретарот Дарко Чатлески и претседателката Весна Чатлеска.
Главна точка на состанокот беше потпишувањето на договорот помеѓу сите федерации и асоциации члеки на Е.Б.У за лиценцирање, издавање дозволи за професионални борби,времетраење на суспензиите на боксерите, нови правила за боксерски ракавици за борби итн. Претседателот на Е.Б.У , Петар Штуцки потенцираше дека задолжително треба да се почитуваат минималните стандарди на лекарските прегледи на боксерите, бидејќи најважно е здравјето и заштитата на боксерите а за локалните судии напомена дека треба да ја делат правдата фер и на професионално ниво.
За промотер на годината беше избран Еди Херн.Туција, Молдавија и Албанија беа изгласани за нови привремени членки на Е.Б.У. Инаку во текот на оваа година Про Бокс Македонија треба да организира професионална боксерска манифестација во Прилеп помеѓу Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора. На крајот со свечена вечера се прослави 75 годишнината на Европската Боксерска Унија. Од страна на Е.Б.У на Про Бокс Македонија и беше доделена плакета а претседателот Петар Штуцки изрази задоволство за работата на Про Бокс Македонија.