11.1 C
Прилеп
среда, 16 октомври, 2024
Пела Радио

ПОБЕДА Е ЕСЕНСКИ ПРВАК, СО ПОМОШ И НА БЕЛАСИЦА

Само пред седум дена не и се даваа никакви шанси, а денеска Победа е есенски првак во Втората фудбалска лига – Исток.Таа позиција и припаѓа на прилепската екипа по денешната победа од 4:0 над Локомотива (стрелци: Игор Момировски 47, Бојан Спиркоски 62 и 71, Давид Јошески 69), но и поради поразот на Слога од Беласица во Струмица со 3:0 (стрелци Александар Милушев 19 и 45, Васил Крстев 73). Така, Победа е прва, со подобра гол-разлика од Слога.

Околу 1000 гледачи на стадионот „Гоце Делчев“ со извици „Шампиони, шампиони!“ го прославија успехот на своите миленици.

РЕЗУЛТАТИ 15. КОЛО: Победа – Локомотива 4:0, Беласица – Слога 3:0, Кит-Го – Саса 0:1, а одложени се Кожуф – Братство и Детонит – Осогово.

ТАБЕЛА: Победа и Слога по 32, Саса 31, Беласица 28, Кит-Го 19, Осогово 18, Кожуф 17, детонит 15, Братство 7, Локомотива 6. НАРЕДНО 16. КОЛО (19.2.2022(sad) Братство – Победа, Слога – Кит-Го, Осогово – Беласица, Саса – Кожуф, Локомотива – Детонит.

Новиот тренер Игор Капинковски ја водеше Победа од трибина. Иако беше најавено,  Капинковски не ја водеше Победа на денешниот натпревар. Тој не беше воопшто во записникот, туку од трибината даваше инструкции до своите помошници кои беа на клупата. Така било одлучено во клубот – битолчанецот да почне од првото пролетно коло.

Би можело да ве интересира

Се подготвува меморијалниот ракометен турнир „Миле Нешкоски“

Пела Редакција

Турнир во мал фудбал “Св. Никола 2022” ќе има, но не во Универзална сала

Гордана Цветаноска

ПРИЛЕПЧАНЕЦОТ ВЕЛЕСКИ 21 МЕСТО ПОГОРЕ ОД СТАРТНАТА ПОЗИЦИЈА

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе