7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем! (41)

Пишува Зоран Момироски

  • ОДБЕЛЕЖАН 24 МАЈ- ДЕНОТ НА СЕСЛОВЕНСКИТЕ ПРОСВЕТИТЕЛИ СВЕТИТЕ БРАЌА КИРИЛ И МЕТОДИЈ. ЦРКВАТА И НАУКАТА СО ЗАЕДНИЧКИ СТАВ: ЦЕЛТА НА МОРАВСКАТА МИСИЈА НЕ БИЛА САМО МИСИОНЕРСКА РАБОТА И ШИРЕЊЕ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО,ТУКУ СОЗДАВАЊЕ НА СЕСЛОВЕНСКА ЦРКВА И ПОДГОТОВКА НА СОПСТВЕН СВЕШТЕНИЧКИ КАДАР. СВЕТИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ СЕ УЧИТЕЛИ НА СЛОВЕНИТЕ И СЕ СЛОВЕНСКИ АПОСТОЛИ И РАМНОАПОСТОЛИ!!! АКО Е ТАКА, КАКО ШТО ВЕЛИ НАУЧНАТА МИСЛА, ТОГАШ КОЈ ДОЗВОЛИ ВО НАШАТА СВЕСТ  ДА ИЗНИКНЕ И ДА СТАНЕ ПОБИТЕН НАШИОТ АЦE КАЧЕН НА КОЊ, ДА БИДЕ ПОВАЖНА ИСТОРИСКА ФИГУРА ОД СВЕТИТЕ БРАЌА КИРИЛ И МЕТОДИЈ?! ПРИТОА, ДА СЕ НАПРАВИ ГЕНЕРАЦИСКИ ДЕФОРМИТЕТ ВО МИСЛАТА СО МИЛИОН ПРАШАЛНИЦИ: НАД 1160 ГОДИНИ БЕВМЕ СЛОВЕНИ СО СЛОВЕНСКО ПИСМО БЕСКРАЈНО БЛАГОДАРНИ НА СВЕТИТЕ НАШИ МАКЕДОНСКИ БРАЌА КИРИЛ И МЕТОДИЈ. ПА НЕЛИ НОВО КОМПОНИРАНИВЕ ПАТРИОТИ ДО СКОРО ТВРДЕА ДЕКЕ НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ НЕ СМЕ БИЛЕ СЛОВЕНИ ТУКУ СМЕ ТИ БИЛЕ  АНТИЧКИ МАКЕДОНЦИ?! СЕГА, ОТКАКО БУГАРСКАТА НАУКА И АКТУЕЛНА ПОЛИТИЧКА МИСЛА НИ ТРАСНАА ВО ЛИЦЕ ДЕКА КИРИЛИЦАТА Е БУГАРСКА, А СО ТОА И СВЕТИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ, СЕ СЕТИВМЕ ДЕКА НЕ СМЕ АНТИЧКИ МАКЕДОНЦИ – ТУКУ СМЕ СЛОВЕНСКИ НАРОД И ПРИПАЃАМЕ НА СЕСЛОВЕНСКАТА ЗАЕДНИЦА; ДЕКА СМЕ МАКЕДОНЦИ СО СВОЈ ПОСЕБЕН КОДИФИЦИРАН МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК; СО НАША КУЛТУРА И ИСТОРИЈА; СО ПРИЗНАТА МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА. ЗАТОА, ЗА НАС, ЗА НАШИТЕ ИДНИ ГЕНЕРАЦИИ, ВАКВИТЕ И СЛИЧНИ НАУЧНО ВЕРСКИ ТРИБИНИ ТРЕБА ДА БИДАТ ОРГАНИЗИРАНИ И ОД  ЦРКВАТА И ОД ИНСТИТУТОТ ЗА СТАРОСЛОВЕНСКА КУЛТУРА.

 

  • ЗОРАН ПАЧЕШКОСКИ ЦАКИО, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ОО НА СДСМ ПРИЛЕП И ЈАНЕ СТАНЧЕСКИ, ДИРЕКТОР НА ДРЖАВНИОТ ИНСПЕКТОРАТ ПО ЗЕМЈОДЕЛСТВО ВОДАТ ВИСТИНСКА МЕЃУ КОАЛИЦИСКА ТИВКА ВОЈНА ЗА НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР НА ПРИЛЕПСКИОТ ТУТУНСКИ КОМБИНАТ. СО НАЈГОЛЕМА ВЕРОЈАТНОСТ ЦАКИО ДА БИДЕ ИЗБРАН ЗА ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР. НА 30 ОВОЈ МЕСЕЦ ЌЕ СЕ ОДРЖИ АКЦИОНЕРСКОТО СОБРАНИЕ И ТИЕ ЌЕ ТРЕБА ДА ЈА УСВОЈАТ ПОЗИТИВНАТА ЗАВРШНА СМЕТКА НА ОВОЈ ГИГАНТ ВО МАКЕДОНСКАТА ТУТУНСКА ИНДУСТРИЈА. НО И ФОРМАЛНО  ДА ГО РАЗРЕШАТ ДОСЕГАШНИОТ ДИРЕКТОР КИРИЛ СТАНКОСКИ. ТОЈ ЈА ЗАВРШУВА СВОЈАТА ДИРЕКТОРСКА МИСИЈА. СО ТОА СЕ ОТВОРА ПРОСТОР ЗА ЗАВРШНИОТ ДЕЛ ОД  БИТКАТА ЗА ДИРЕКТОРСКАТА ПОЗИЦИЈА. ИГРАТА Е ГОЛЕМА. БИДЕЈЌИ СЕ СПОМЕНУВААТ ТРОЈЦА КАНДИДАТИ НО, ЦАКИО И СТАНЧЕ СЕ ГЛАВНИТЕ ФАВОРИТИ. ЕДНИОТ СО ПРАКТИЧНО ЗЕМЈОДЕЛСКО ИСКУСТВО, А ДРУГИОТ СО ЗАВРШЕН ЗЕМЈОДЕЛСКИ ФАКУЛТЕТ ИНВОЛВИРАН ВО ОТКУПОТ НА ТУТУН И ВРАБОТЕН ВО ИНСПЕКТОРАТОТ ЗА ВРЕМЕ НА НИКОЛА ГРУЕВСКИ. ЛОБИРАЊАТА ВО ВЛАДЕАЧКАТА КОАЛИЦИЈА И ВО ВЛАДАТА СЕ ГОЛЕМИ. ТОЛКУ МНОГУ ГОЛЕМИ, КОЛКУ ШТО И ,,ГОЛЕМИТЕ“ ИГРИ ЗА ИДНИНАТА НА КОМБИНАТОТ. СЕ ЗБОРУВА И МОЛЧИ ОКОЛУ МОЖНА ЦЕЛОСНА ПРИВАТИЗАЦИЈА НА ТУТУНСКИ. НО, ВИСТИНСКИОТ ОДГОВОР НА ПРАШАЊЕТО – ВО КОЈА НАСОКА ВО ИДНИНА ЌЕ СЕ ДВИЖИ КОМБИНАТОТ ЗА БРЗО ЌЕ СЕ ЗНАЕ, БИДЕЈЌИ СЕКОЈ КАНДИДАТ ИМА РАЗЛИЧНА НАМЕНА И УШТЕ ПОРАЗЛИЧЕН ИНТЕРЕС НА ОНОЈ  КОЈ ГО ВРШИ КРАЈНИОТ ИЗБОР.

 

  • ДЕНОВИВЕ МИНИСТЕРКАТА ЗА ОДБРАНА СЛАВЈАНКА ПЕТРОВСКА И ПОТПРЕДСЕДАТЕЛОТ НА ВЛАДАТА ЗА ЕКОНОМСКИ ПРАШАЊА ФАТМИР БИТИЌИ СО ЗАИНТЕРЕСИРАН ТУРСКИ ИНВЕСТИТОР НЕНАЈАВАНО БРЗО И КРАТКО ПРИСТИГНАА ВО ПРИЛЕП И ПРАВО ВО НАМЕНСКАТА ФАБРИКА ЕУРОКОМПОЗИТ. ВО ,,ЗМИЈАРНИКОТ“ БИЛЕ ПРЕЧЕКАНИ ОД СТЕЧАЈНАТА УПРАВНИЧКА ЗАЈКОСКА И ОД ПРЕТСТАВНИКОТ НА ДРЖАВНИОТ КАПИТАЛ АЛЕКСАНДАР ТАЛИМЏИОСКИ. МОЖЕБИ ИМАМ ПОГРЕШЕН ВПЕЧАТОК, НО ПОУЧЕН ОД ИСКУСТВОТО ВО МИНАТОТО СЕ НЕКАКО МУ ДОАЃА, СТРАНСКИ ИНВЕСТИТОРИ ФАБРИКАТА  ДА ЈА ПОСЕТУВААТ САМО ВО ПРЕДИЗБОРНИ ГОДИНИ. КОЈА Е ПОНУДАТА ОД ОВОЈ ИНВЕСТИТОР НЕЗНАМ, НО ЗНАМ ДЕКА КОЈ И ДА БИЛ ОД ОНА ШТО ГО ВИДЕЛ: ОБЈЕКТИТЕ ДВОРОТ И ЦЕЛИОТ ФАБРИЧКИ КОМПЛЕКС СИГУРНО НЕ САМО ШТО СЕ ИМА ИСПЛАШЕНО ТУКУ ЧОВЕКОТ ТРЕБА ДА ГО НОСАТ СЛАВЈАНКА И БЕТИЌИ НА БАЈАЧКА!!! АКО ДОБРО СЕ СЕЌАВАМ И ВО 2006 ГОДИНА  ДОДЕКА ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР БЕШЕ ИЛИЈА МАРКУШЕСКИ ИМАШЕ СЕРИОЗНИ СТРАНСКИ ИНВЕСТИТОРИ ОД АМЕРИКА И ТУРЦИЈА. НАЈСЕРИОЗНИ СО ПРЕДДОГОВОР БЕА ГАЗДИТЕ НА ,,ОТОКАР“ И ,,БЕКО“ ИМАА ЗА ЦЕЛ  ПРОИЗВОДСТВО НА ВОЕНА ОПРЕМА ЏИПОВИ, ОРУЖЈЕ И ТЕХНОЛОГИЈА ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА БЕЛА ТЕХНИКА. ЗОШТО ТОГАШ НА ЦЕЛАТА ПОСТАПКА ИМ СТАВИЈА „ВЕТО“ ТОГАШНИТЕ МИНИСТРИ  ЗА ОДБРАНА МАНАСИЕВСКИ, А ПОДОЦНА И ЕЛЕНОВСКИ, НЕ МИ БЕШЕ ПОЗНАТО, А НЕ ИМ БЕШЕ ПОЗНАТО НИ НА ТОГАШНИОТ МЕНАЏМЕНТ НА ЕУРОКОМПОЗИТ. ВРЕМЕТО ПОКАЖА ДЕКА ЗА ЕУРОКОМПОЗИТ ВИСТИНСКИТЕ „ГРОБАРИ“ СЕ ТОЧНО ТИЕ ДВАЈЦА МИНИСТРИ. НАТАМОШНИ ВЕТУВАЊА ОД ПРЕМИЕРИТЕ БУЧКОВСКИ ГРУЕВСКИ И ЗАЕВ ДЕКА ОВОЈ ПРОБЛЕМ ЌЕ БИДЕ РЕШЕН БЕА САМО ЕДНА ГОЛЕМА ЛАГА!!!

 

  • НИШТО ОД НАЈАВЕНАТА ГРАДЕЖНА ОФАНЗИВА НА БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ПРИЛЕП. СЕГА Е ПРАШАЊЕ: ШТО ПОТПИША „ИКЕБАНАТА“ СО ИЗБРАНАТА ФИРМА „ТОПЛИНА“ ОД МИСЛЕШЕВО – ОХРИДСКО ПОБЕДНИЧКА ГРАДЕЖНА ОФАНЗИВА ИЛИ КАПИТУЛАЦИЈА?! БИДЕЈЌИ, ПО РЕДОТ НА НЕШТАТА СЕГА ЌЕ ТРЕБА МОЖНОСТ ДА И’ СЕ ДАДЕ НА ВТОРОПЛАСИРАНАТА КОМПАНИЈА НА ВЕЌЕ УТВРДЕНИОТ И ЗАВРШЕН ТЕНДЕР ЗА РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА 60 УЛИЦИ ВО ПРИЛЕП.  И ДОДЕКА БОКИО МАКА МАЧИ И БАРА ИЗЛЕЗ ОД ЌОРСОКАКОТ ВО КОЈ ВЛЕЗЕ СО ОХРИДСКА ,,ТОПЛИНА“ ПАШАЛАКОТ ВО ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА ПРОДОЛЖУВА. ВРАБОТЕНИ РЕАГИРААТ И НЕГОДУВААТ ОКОЛУ МНОГУ ОДЛУКИ ШТО ГИ ИМА ПОТПИШАНО НОВИОТ СЕКРЕТАР НА ОПШТИНАТА МАТРАКОСКИ, А НЕОФИЦИЈАЛНО КАКО ПРОТИВЗАКОНСКИ ГИ ОСПОРУВАЛ И ОДБИВАЛ ДА ГИ ПОТПИШУВА ЕКС СЕКРЕТАРОТ ТАЛИМЏИОСКИ. НАШИОТ ИЗВОР КОЈ МУ „ДИШЕ“ ВО ВРАТОТ НА ЈОВЧЕСКИ ТВРДИ ДЕКА ЗА ВОЗВРАТ НА „ПОСЛУШНИОТ“ МАТРАКОСКИ МУ БИЛ РАБОТНО АНГАЖИРАН ОДНОСНО ЗГРИЖЕН  И НЕГОВИОТ СИН. ПА ДУРИ НА МОМЧЕТО МУ БИЛО СУГЕРИРАНО И ОД ДЕЈАН ПРОДАНОСКИ КАКО БЛИЗОК СОРАБОТНИК И ПОДРЖУВАЧ НА БОКИО, А ВО СВОЈСТВО НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОВЕТОТ  НА ГРАДОТ И КООРДИНАТОР НА ОК НА ВМРО-ДПМНЕ МАТРАКОСКИ -ЈУНИОР ДА БИДЕ НА СИТЕ ПАРТИСКИ И ОПШТИНСКИ АКТИВНОСТИ. ОВА ЗА ДА ВИДИ НАРОДОТ ДЕКА Е АКТИВЕН И ЗАСЛУЖЕН ЧЛЕН НА ПАРТИЈАТА.

 

  • ДЕНОВИВЕ ЧИТАМ НА ФБ ПРОФИЛИ МНОГУ ПОСТОВИ КОИ УКАЖУВААТ НА ОНА ШТО СЕ РАБОТИ, А НЕ БИ ТРЕБАЛО ДА СЕ ПОМИСЛИ, А НЕ ПАК ДА СЕ ПРАВИ ВО ПРИЛЕПСКАТА БОЛНИЦА. НАРЕКУВАЈЌИ ЈА ГЛАВНАТА СЕСТРА НА ОВАА ЗДРАВСТВЕНА УСТАНОВА – ДОКТОР, ТИ ЗЕМАЛА СЛУЖБЕНО ВОЗИЛО ЗА ДА ОДПАТУВА ВО НИШ. АМА ПИШУВАЧОТ НЕ КАЖУВА ДАЛИ БИЛА СЛУЖБЕНО ВО СОСЕДНА СРБИЈА КАКО ЗДРАВСТВЕН РАБОТНИК ИЛИ КАКО ЕТАБЛИРАН МЕНАЏЕР НА ЕДНА ПОЗНАТА СТРАНСКА ТРГОВСКО ПРОИЗВОДСТВЕНА ФИРМА ЗА ЛИЧНИ И ДОМАШНИ ПОТРЕБИ. ИСТИОТ АВТОР ВО ДРУГ ПОСТ ПИШУВА ДЕКА НА ВРАБОТЕНИ МУ БИЛЕ НАТПИШУВАНИ ФИКТИВНИ РАБОТНИ ЧАСОВИ. ПАРИТЕ ШТО БИЛЕ ИСПЛАТУВАНИ НА РАКА ИМ БИЛЕ ДАВАНИ НА НЕКОЈ СИ „ЈАК“ ПАРТИСКИ АКТИВИСТ. РАБИРАМ ДЕКА СДСМ Е НА ВЛАСТ. РАЗБИРАМ ДЕКА ВОДИ КАМПАЊА „РАМО ДО РАМО“, АМА НИКАКО НЕ МОЖАМ ДА РАЗБЕРАМ КАКО ЕДЕН НЕ СЕ ОХРАБРИ ЈАВНО ДА ГИ ОТВОРИ ОВИЕ ПРАШАЊА КОИ НА ФБ СЕ ВРТАТ ВО ЈАВНОСТА, НЕ СЕ ПОСОЧУВААТ ИМИЊА КОИ СЕ СТАВААТ НАД ЗАКОНОТ И ИЗИГРУВААТ „МОЌНИЦИ“ ВО ОВОЈ НАШ ГРАД.

 

  • И ДОДЕКА ПАРТИСКИТЕ РАКОВОДИТЕЛИ НА ДВЕТЕ ГЛАВНИ ПАРТИИ ВО ПРИЛЕП МОЛЧАТ И СЕ ПРАВАТ НА ,„ТОШО“ ЗА ОНА ШТО МУ СЕ СЛУЧУВА ОД ПОЕДИНЦИ ВО ПАРТИИТЕ ОД ОСНОВНОТО УЧИЛИШТЕ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ ДИРЕКТОРОТ АХИЛ НЕ МОЛЧИ ЗА ПОСТИГНАТИТЕ СУПЕР РЕЗУЛТАТИ ШТО ГИ ПОСТИГНУВААТ УЧЕНИЦИТЕ ОД НЕГОВОТО УЧИЛИШТЕ. ЗА ВОЛЈА НА ВИСТИНАТА СУПЕР СОЛИДНИ УЧЕНИЦИ ИМА И ВО ДРУГИТЕ УЧИЛИШТА. ДИРЕКТОРОТ АХИЛ ЈАКОВ ПОТВРДИ ДЕКА СО ГОЛЕМА ФИНАНСИСКА ПОМОШ ОД  ДЕЛ НА  БЛАГОРОДНИ СТОПАНСТВЕНИЦИ, НАЈДОБРИТЕ ПО АНГЛИСКИ ЈАЗИК ОД ОУ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ ТИ БИЛЕ НА ЕВРОПСКИ ОЛИМПИСКИ КВАЛИФИКАЦИИ ВО ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО ВО ИТАЛИЈА. УЧЕСТВУВАЛЕ 83.120 УЧЕНИЦИ ОД 30 ЗЕМЈИ. УЧЕНИЦИТЕ НИКОЛА ТАЛЕСКИ И АНАСТАСИЈА ЈАГУРИНОСКА ВО ВАКА СИЛНА КОНКУРЕНЦИЈА ГО ОСВОИЛЕ ЧЕТВРТОТО МЕСТО, А ВАЊА ЃОРЃИЕСКИ СЕДМОТО. СЕГА САКАМ ДА ПРАШАМ ОВИЕ И ДРУГИТЕ УЧЕНИЦИ ОД ОСТАНАТИТЕ УЧИЛИШТА ВО ПРИЛЕП КОИ ОСВОЈУВАЛЕ ЗАСЛУЖЕНИ НАГРАДИ ПО РАЗНИ ПРЕДМЕТИ ВО ИДНИНА ЌЕ ОСТАНАТ ВО ЗЕМЈАВА?!? ИЛИ ЌЕ ТРЕБА ВО КОНКРЕТНИОТ СЛУЧАЈ ДА ГИ МОЛАТ ПРИМЕР – ДЕКИО И ЦАКИО ДА НАЈДАТ КРОВ НА ГЛАВАТА ВО ОВАА НАША НАПАТЕНА МАКЕДОНСКА ДРЖАВИЧКА.

Би можело да ве интересира

СВЕТЛАНА МИШЕВА ОВЕНЧАНА СО „ЗЛАТЕН ПТОЛОМЕЈ“ НАГРАДА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО ВО ХОЛАНДИЈА

Пела Редакција

Се контролираат влезовите во Прилеп како превенција од коронавирусот

Елизабета Филипоска

100-тина Прилепчани пријавени за фаќање на Светиот крст

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе