11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем! (43)

Пишува Зоран Момироски

  • АКО СЕ НАПРАВИ СПОРЕДБА СО ВЛАДЕЕЊЕТО НА ВМРО-ДПМНЕ СО СДСМ ВО ГРАДОВ, ТОГАШ МОЖЕ СЛОБОДНО ДА СЕ КОНСТАТИРА ДЕКА ВТОРИВЕ СЕ „МАЧКИНА КАШЛИЦА“ ЗА ПРВИТЕ. НЕМА СОМНЕВАЊЕ ДЕКА УЧЕНИКОТ Е ПОДОБАР ОД ПРОФЕСОРОТ И ВО ТОА Е „ГОЛЕМИОТ УСПЕХ“ !!! ПОТВРДА Е ГРАДОНАЧАЛНИКУВАЊЕТО НА БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ. НА ПОСЛЕДНАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ГРАДОТ НАПРАВЕН Е РЕБАЛАНС НА БУЏЕТОТ ЗА 2023 ГОДИНА.12  МИЛИОНИ ДЕНАРИ ПЛАНИРАНИ ЗА ОВАА ГОДИНА ЗА ВРЕМЕНО ВРАБОТУВАЊЕ ВО ОПШТИНАТА БОКИ ГИ ПОТРОШИЛ „ЕПТЕН ДОМАЌИНСКИ“ САМО ЗА ЧЕТИРИ МЕСЕЦИ. СЕГА СО РЕБАЛАНСОТ ТИЕ  НЕМА ДА БИДАТ 12 МИЛИОНИ ДЕНАРИ, ТУКУ 21,5 МИЛИОНИ ДЕНАРИ. ВЕТУВАНАТА МОНТАЖНА ГАРАЖА ЗАД УЈП НЕМА ДА СЕ ПОСТАВИ. ОВОЈ ИНВЕСТИЦИСКИ ЗАФАТ СЕ ПРОЛОНГИРА ЗА СЛЕДНАТА ГОДИНА.

 

  • ГУМЕНИОТ КРОКОДИЛ-ИГРАЧКА ЗА ДЕЦА, ОВИЕ ОД ОО НА СДСМ ОД ГРАДСКАТА РЕКА ГО ПРЕНЕЛЕ ПРЕД ВЛЕЗОТ НА ОПШТИНАТА. САКАЈЌИ НА ЛОКАЛНИТЕ ВЛАСТИ ДА МУ ПОРАЧААТ: СО ВАШЕТО ДВЕГОДИШНО ЛЕГАЧЕЊЕ ВИЕ  МЕ СОЗДАДОВТЕ И ОДГЛЕДАВТЕ!!! И ЗАТОА ЕВЕ СУМ ТУКА -ВАС ДА ВЕ ЈАДАМ!!! ГО ГЛЕДАМ КРОКОДИЛЧЕВО И СИ ВЕЛАМ: ДОБРО БРЕ ЛУЃЕ СО ВАКВИ РАБОТИ МИСЛИТЕ ЛОКАЛНА ВЛАСТ ДА „ТУРНИТЕ“ ИЛИ САМО МАГЛА НА НАРОДОВ МУ ПРОДАВАТЕ!?! ВРЕМЕТО НА ИТАР ПЕЈО КОГА МУ НУДЕЛ И ПРОДАВАЛ  МАГЛА ЗА ВОЛНА, МНОООГУ ОДАМНА Е ПОМИНАТО. ПА ГРАЃАНИТЕ ИМААТ  ПОГОЛЕМА СМИСЛА ЗА КРИТИКИ ЗА ХИГИЕНАТА ВО ГРАДОВ: ЗА ОДРЖУВАЊЕТО НА ГРАДСКАТА РЕКА, ЗА ЈАВНИТЕ И ЗЕЛЕНИТЕ ПОВРШИНИ, ЗА НЕИСКОСЕНАТА ТРЕВА И НА КРАЈ, ЗА ПОПЛАВЕНИТЕ УЛИЦИ ДОМОВИ, КАФУЛИЊА И ДРУГИ ОБЈЕКТИ. ГРАДОТ И УЛИЦИТЕ ПЛИВАА ВО ВОДА. ПРИЛЕПСКИОТ МАЈТАП, НАСПРОТИ МАКАТА НА ПРИЛЕПЧАНИ, ОД НАДОЈДЕНИТЕ ВОДИ КОЛКУ ШТО СЕ РАЗГОРУВАШЕ, ТОЛКУ ВИЕ ДРЕМЕВТЕ И ЛАЈКУВАВТЕ НА ОНА ШТО ТРЕБАШЕ ДА ГО ПРАВИТЕ. ИСКРЕНО, ОЧЕКУВАВ  ПО КРОКОДИЛОТ  ДА ЗЕМЕТЕ ДВА ТРИ МАЛИ ДЕТСКИ ЧАМЦИ И ДА  ОРГАНИЗИРАВТЕ „КАЈАК НА ДИВИ ВОДИ“. АМА ВЕ НЕМАШЕ ШЕЌЕРЧИЊА НЕЖНИ И МИЛИ! ВЕ НЕМАШЕ ОТИ ВИ БЕШЕ СТРАВ ДА НЕ СЕ СТОПИТЕ НА ТОА ВРЕМЕ-НЕВРЕМЕ, А СТРАВ ВИ БЕШЕ И ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ГРАДОВ, БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ ДА НЕ ВИ СЕ НАЛУТИ!!! СТРАВ ВИ БЕШЕ ДА НЕ ЈА НАДМИНЕТЕ ДОГОВОРЕНАТА И ЛИМИРАНА ГРАНИЦА ЗА МЕЃУСЕБНА КРИТИКА, ЗАДКУЛИСНА ПОДДРШКА И ЛИЧНИ ИНТЕРЕСИ!!! КАКО НЕ ВИ Е СРАМ!!! БОРЧЕ „ИКЕБАНАТА“ ДВЕ ГОДИНИ ВО ОВИЕ ВАШИ „ДВОРСКИ“ ИГРИ ВИ СОЗДАВА УСЛОВИ ЗА „ГОЛ“ НО, ВИЕ НИТУ ДАВАТЕ „ГОЛ“ НИТУ  ДАВАТЕ „ОБЛЕЧЕН“, НЕ БАРЕМ СИ ИГРАТЕ ДОПОЛУ ТУРНАТИ ПАНТАЛОНИ.

 

  • И КОГА СУМ КАЈ ПОПЛАВИТЕ – ГЛЕДАМЕ ЗА ХАОСОТ ВО ТРИЗЛА И НИЗ ГРАДОТ ИЗЈАВА ДАВА ИГОР ГУЛАБОСКИ – ДИРЕКТОР НА ЈКП ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА. ДО НЕГО ЗАСТАНАЛ И РУБИН АБРАШОСКИ – ДИРЕКТОР НА ЈКП КОМУНАЛЕЦ, АМА ВТОРИОВ НЕ СМЕЕ НИ ДА ПИСНЕ ПРЕД НЕГОВИОТ КОЛЕГА ОД ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА. И ГУЛАПЧЕВО ЈАС ГО ВИКАМ ПЛАЧКОТО, ПАК ПОЧНА ДА ПЛАЧЕ. ДО ВЧЕРА ВЛАДАТА МУ БЕШЕ ВИНОВНА. МУ БЕА ВИНОВНИ ОПРЕДЕЛЕНА КАТЕГОРИЈА НА ВРАБОТЕНИ ВО ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА. СЕГА, ГРАЃАНИТЕ  ВРЕМЕТО И ОБИЛНИТЕ ДОЖДОВИ. КАЖУВА ПЛАЧКОВО АМА ВО НАЈКРИТИЧНИТЕ МОМЕНТИ, КОГА ДЕЛОВИ ОД ГРАДОТ ЛИЧЕА НА ВЕНЕЦИЈА НЕГОВИОТ ВЕРЕН ДРУГАР ГРАДОНАЧАЛНИКОТ  БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ ГО НЕМАШЕ ДО НЕГО. НИТУ ИЗЈАВА ДА ДАДЕ, НИТУ ЗБОР ДА КАЖЕ. ОД МНОГУ ГОЛЕМА ГРИЖА ЗА ГРАЃАНИТЕ НАЈВЕРОЈАТНО ЧОВЕКОТ СИ ИМАЛ ПОВАЖНИ ЛИЧНИ ОБВРСКИ. И ЗАТОА  НЕ ГО ИНТЕРЕСИРАЛО ТОЛКУ МНОГУ ОВА СО ПОПЛАВИВЕ И ШТЕТИВЕ. ПЛУС СИ НАПРАВИЛ ПЛАН: АКО ИЗЛЕЗЕ НА ТОА НЕВРЕМЕ ЌЕ ИСКИСНЕ, АКО ГАЗИ ПО ТОЛКУ ВОДА ПО УЛИЦИТЕ?!? ЗАТОА СИ РЕКОЛ: НЕ СУМ ГУЛАБ ДА ЛЕТАМ, НЕКА ЛЕТА ГУЛАБО!!!  ОД ТРИЗЛА ВО ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТ, ОД ТАМУ ДО  ТАБАНА, ПА  ДИМО НАРЕДНИКОТ, НА КРАЈ, СЕКАКО ИГОРЧЕ, МОЕТО ВЕРНО ДРУГАРЧЕ,  ЗА СЕ’ МЕ СОВЕТУВА. ПА ЗОШТО ВО ОВАА ВРЕМЕНСКА НЕПОГОДА ДА НЕ МЕ ЗАСТАПУВА!!? КАКО И ДА Е, НЕВРЕМЕТО ГИ ИЗВАДЕ НА ПОВРШИНА СИТЕ  ЛАЖНИ ВЕТУВАЊА И САМОДОКАЖУВАЊА. ДЕКА СО НОВАТА ЛОКАЛНА ВЛАСТ ЌЕ ИМА МНОГУ ПОДОБРИ И ПОИСКУСНИ  МЕНАЏИРАЊА, И ВО ОПШТИНАТА, И ВО ЈКП ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА, И ВО ЈКП КОМУНАЛЕЦ. ПРИТОА, АКО СЕ ИМА ВО ПРЕДВИД,  КАКО Е  БОКИ, КАКО МАНЕКЕН, ТОГАШ ОД ВАКОВ ЛУКСУЗ ПОТРЕБА НЕМА. ЗАТОА ТОЈ СИ СЕ СЛИКА ВО НЕГОВИОТ КАБИНЕТ И КАЖУВА: ПРИЛЕП Е ЕДЕН ОД ШЕСТЕ ОПШТИНИ ОД ЈУГОЗАПАДНИОТ И ПЕЛАГОНИСКИОТ РЕГИОН КОЈ  ЌЕ РАБОТИ НА ОДРЖЛИВО УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАД. ПОГОЛЕМО СЕЛЕКТИРАЊЕ  ОД ФРЛЕНИ ТЕЛЕВИЗОРИ КОИ ГИ ДОНЕСЕ ПОПЛАВАТА, АМИН!!! А, РАЈАН  НОК ДИРЕКТОРОТ НА САЛАР –ИНТЕРНАЦИОНАЛ ЗА ОТПАДОТ БАРА СОРАБОТКА ИВОНАТИВНОСТ И ЦЕЛОСНА ПРОМЕНА ОД ОНА ШТО СЕГА СЕ ПРАКТИЦИРА. ЧИТАМ, И СИ ВЕЛАМ,  ИЛЈАДА НАСТО НЕ ВЕРУВАМ ДЕКА ОВА НИТУ ГО  РАЗБИРААТ, НИТУ ЗНААТ ШТО ИМ КАЖУВА ОВОЈ РАЈАН!!!

 

  • И, ВО ВАКВА „ТУРЛИТАВА“ СОСТОЈБА ВО ОПШТИНАВА, ИЗЛЕГУВА СО ИЗЈАВА ДЕЈАН ПРОДАНОСКИ, ВО СВОЈСТВО НА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОК НА ВМРО – ДПМНЕ ЗА ДА ЈА НАЈАВИ ТРИБИНАТА ВО ПРИЛЕП „ОВА Е МАКЕДОНИЈА ЗА СИТЕ“ СО АКЦЕНТ НА ЗЕМЈОДЕЛИЕТО. ПРИТОА, ДЕКИО ВЕЛИ ДЕКА СО ВЛАДАТА НА СДСМ И ДУИ  НАМЕСТО ЖИВОТ, ДРЖАВАТА Е ДОНЕСЕНА ВО ПРОПАСТ, ЦВЕТА КОРУПЦИЈАТА, РЕКЕТОТ И КРИМИНАЛОТ. ДЕКА ГРАЃАНИТЕ ВО ИЗМИНАТИВЕ ГОДИНИ ОСВЕН ТОА И ШВЕРЦ НА ДРОГА, НИШТО НЕ ВИДОА. ГО СЛУШАМ ДЕКИОВ И СИ ВЕЛАМ: СЕ’ ШТО КАЖУВАШ СИ ВО ПРАВО, АМА ДАЛИ СИ ПОГЛЕДНАЛ ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО ТВОЈОТ ГРАД?! ВО ЕВРОПСКИ ПРИЛЕП, ВО ГРАДОТ ХЕРОЈ, КАДЕ ШТО И ТИ СИ ВЛАСТ, ИЗБРАН ОД ГРАЃАНИТЕ. ВО ДВЕ ГОДИНИ, ПЛУС  ГО ОБЕЗЛИЧИВТЕ  ПРИЛЕП – ТОЛКУ КОЛКУ ШТО 12 ГОДИНИ ВАШИОТ СОПАРТИЕЦ, МАРЈАН РИСТЕСКИ, КАКО ГРАДОНАЧАЛНИК, НАПРАВИ  ЗА ПРИЛЕП И БЕЗ ГРАМ СРАМ ВЕЛИШ: ГЛЕДАЈ ШТО ПРАВИ СДСМ, AMA НЕ ГЛЕДАЈ ШТО ПРАВИ ВМРО-ДПМНЕ!!! САКАШ  ДА НИ КАЖЕШ ИМАТЕ ИСТИ ЦЕЛИ – АМА РАЗЛИЧЕН ПРИСТАП ВО ПУСТОШЕЊЕТО, ВО КРАДЕЊЕТО, ВО ДОГОВАРАЊЕТО, ВО ЛАЖЕЊЕТО, ВО ШТО…?!? УБАВО ЗНАЕШ ЗА ШТО ПИШУВАМ И ЗАБЕЛЕЖУВАМ, НО ИСТОВРЕМЕНО И ПОТСЕТУВАМ НА НАРОДНАТА: НАГОРАМ ТИ ЌЕРКО- ДОШИКАJ СЕ СНАО!!!

 

  • ДЕКА СТЕ ИСТИ, ЕВЕ УШТЕ ЕДЕН ПРИМЕР: СО ПРАВО МУ УПАТИВТЕ КРИТИКИ НА СДСМ ЗА ВРЕМЕ НА КАМПАЊАТА ЗА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ. ТИЕ ОРГАНИЗИРАА ТРИБИНА НА ПРОТИВ КАНДИДАТОТ НА БОКИО, А ТОА БЕШЕ ГОРАН СУГАРЕ. СЕ СЕЌАВАТЕ  НА ПЛОШТАД СО СТОЛЧИЊА СО СЕДЕЊЕ НА ПУБЛИКА И САМОПРЕТСТАВУВАЊЕ НА СУГАРЕ? ПРИТОА ВИЕ ОД ВМРО-ДПМНЕ СОСЕМА ЛЕГИТИМНО И ИСПРАВНО ПРАШУВАВТЕ: ОД КАДЕ СЕ СТОЛЧИЊАТА?! КОЈ ДОЗВОЛИ ЗА ВАКВА ЦЕЛ ОПШТЕСТВЕН ИМОТ ДА СЕ ИЗВАДИ ОД УЧИЛИШТА? СЕГА ЈАС САКАМ ДА ПРАШАМ СТОЛЧИЊАТА ЗА ОВАА ТРИБИНА ОД ДОМА СИ ГИ НОСЕВТЕ ИЛИ СЛУЧАЈНО ДА НЕ СЕ ПОТРУДИВТЕ  ЛОКАЦИЈАТА ДА ЈА СМЕНИТЕ?! НА ЕДЕН ИСТ ПЛОШТАД, ВО ИСТ СТИЛ, СТОЛЧИЊАТА ГИ ОПНАВТЕ ЕДНИТЕ ТОГАШ  ПОГОРЕ, СЕГА  ДРУГИТЕ ПОДОЛУ. И КОГА СУМ КАЈ ТРИБИНАТА: ЧИТАМ И СЛУШАМ  ЛУЃЕ НА ФБ КОМЕНТИРААТ ШТО КАЖАЛЕ ЗА ЗЕМЈОДЕЛИЕТО И ТУТУНОПРОИЗВОДСТВОТО ПРАТЕНИКОТ ПЕТАР РИСТЕСКИ, ПА ШЕФОТ НА ЦЕНТРАЛНАТА ПАРТИСКА КОМИСИЈА ТРИПУНОВСКИ, ПА ЗА ГЕНЕРАЛНАТА ПОЛИТИКА МИЦКОСКИ…АМА НИКОЈ НЕ КАЖУВА ДЕКА ГРАДОНАЧАЛНИКОВ НАШ БОРЧЕ „ИКЕБАНАТА“ КОГА ЗБОРУВАШЕ ЗА СОПСТВЕНИТЕ УСПЕСИ, ЗА ТОА ДЕКА ЗА ЕДНА ГОДИНА ВРАТИЛ  2 МИЛИОНИ ЕВРА ОД 5 МИЛИОНИ ЕВРА НАСЛЕДЕНИ  ОД НЕГОВИОТ  ПРЕТХОДНИК И МЕНТОР ИЛИЈА ЈОВАНОСКИ – МУЦЕТО ГИ ИЗМЕША ЛИВЧИЊАТА ОД КАДЕ  ШТО ЧИТАШЕ И СЕ ИЗГУБИ ВО ТОА ШТО ГО КАЖУВА. ПА, КУТРИОТ ТОЈ, НАМЕСТО ДА ВЕЛИ ГИ ПОМАГАМЕ КУЛТУРНИТЕ  И СПОРТСКИ НАСТАНИ  ВЕЛИ: ПОДДРШКА ИМАЛЕ ОД ФЕСТИВАЛИТЕ ОД СПОРТСКИ КЛУБОВИ И ОД КУЛТУРНИ МАНИФЕСТАЦИИ. ГО СЛУШАМ БОКИО И СИ ВЕЛАМ: АЛАЛ ДА ТИ Е ГРАДОНАЛНИЧЕ НАВИСТИНА СИ ЦАР!!!! РЕДОК  И ПОСЕБЕН ЧОВЕК.  ДУРИ САМ СЕБЕ СИ ВЕРУВА НА СОПСТВЕНИТЕ  ЛАГИ. МЕЃУДРУГОТО ВЕЛИ ЈП ЕНЕРГО – ПРИЛЕП ГО ФОРМИРАЛА НОВАТА ЛОКАЛНА ВЛАСТ, АМА СО КРИЗАТА И СУБВЕНЦИОНИРАЊЕТО НА СТРУЈАТА ВЛАДАТА МУ ЈА ОДЗЕЛА РАБОТАТА  НА ОВА ЈАВНО ПРЕТПРИЈАТИЕ. ЛАЖИ БОКИ СУШИ, А СИТЕ ПРИСУТНИ МУ РАКОПЛЕСКААТ. ГРАДОНАЧАЛНИК!! ЈП ЕНЕРГО – ПРИЛЕП Е ФОРМИРАН  ПРЕД ПОВЕЌЕ ОД ЧЕТИРИ ГОДИНИ. НЕ ЛАЖИ ДЕКА ТИ СИ ГО ФОРМИРАЛ. ОСВЕН АКО ТИ И МУЦЕТО СЕ СМЕТАТЕ ЗА ЕДНО ЦЕЛО И ЕДНО ИСТО?!? ЦЕЛТА НА ФОРМИРАЊЕТО БЕШЕ ДА ПОДГОТВИ ТЕРЕН, ДОКУМЕНТАЦИЈА И ДИНАМИКА НА ГАСИФИКАЦИЈА НА ПРИЛЕП. АМА ТОГАШ ВЛАДАТА РЕЧЕ ЦЕЛОКУПНАТА ГАСИФИКАЦИЈА ДО КРАЈНИОТ ПОТРОШУВАЧ ЌЕ ГО РЕАЛИЗИРА ТАА СО ЕДНА  ФИРМА ЗА СИТЕ ГРАДОВИ.

 

  • КОГА СУМ КАЈ ГРАДОНАЧАЛНИКОВ, САКАМ ЈАВНО ДА ГО ПРАШАМ  И НЕГО И УШТЕ ДВАЈЦА ДРУГИ СОВЕТНИЦИ. БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ ПО ОДЛУКАТА НА УСТАВНОТ СУД  ВРЗ КОЈА СЕ СМЕНИ МЕТОДОЛОГИЈАТА, А СО ТОА СЕ ЗГОЛЕМИЈА И ПЛАТИТЕ НА ИЗБРАНИТЕ ЛИЦА И ФУНКЦИОНЕРИ ВЕТИ ДЕКА РАЗЛИКАТА ОД ПОСТОЈАНАТА ДО ОНАА СО ЗГОЛУВАЊЕТО НЕМА ДА ЈА КОРИСТИ,ТУКУ ПАРИТЕ ЌЕ ГИ ДОНИРА. Е ЗА ТИЕ ПАРИ ПРАШУВАМ: КАДЕ И КОЛКУ БОКИО ДО СЕГА  ДОНИРАШЕ?! ИСТИ ВЕТУВАЊА ИМАШЕ И ОД СОВЕТНИЧКИОТ НАДОМЕСТОК ОД СОВЕТНИЦИТЕ ДИМЕ БОЗОСКИ И КИРЕ ЈОНОСКИ. АЈДЕ  ДОКАЗ УПЛАТНИЦИ: КАДЕ И ЗА ШТО ТОА ШТО ГО ВЕТИВТЕ ДО ДЕН ДЕНЕСКА ГО ПОТРОШИВТЕ?! ТОА МУ ГО ДОЛЖИТЕ НА ТИЕ ШТО ВИ ЈА ДАДОА ДОВЕРБАТА. ПАТЕМ СОВЕТНИЧКИОТ НАДОМЕСТОК  ЗА ОВА ВРЕМЕ НЕ Е ЗА ПОТЦЕНУВАЊЕ – 20.000 ДЕНАРИ МЕСЕЧНО. А, НЕМА НИ ОДГОВОР И НА ПРАШАЊА ОД  ЛЕВИЦА: КОИ СОВЕТНИЦИ, СО КАКОВ СУДИР НА ИНТЕРЕСИ СЕ СООЧУВААТ ВО ОПШТИНА ПРИЛЕП? ДА НЕ МИСЛИТЕ ИЗБОРОТ НА ДИРЕКТОР НА ВО ЕДНО ПРИЛЕПСКО УЧИЛИШТЕ, НА СЕСТРАТА НА СОВЕТНИКОТ БОЗОСКИ ИЛИ ИМА УШТЕ  НЕКОИ ВАКВИ „ПРИНЦИПИЕЛНИ“ СУДИРИ НА ИНТЕРЕСИ?! И ДЕЈАН ПРОДАНСКИ  ВО СВОЈСТВО НА ПРЕТСЕДАВАЧ НА СОВЕТ, ВО СВОЈСТВО НА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА О.К. НА ВМРО-ДПМНЕ, СИ МОЛЧИ СИ „КРЦКА“ И СИ ТЕРА КАКО ОНАА НАРОДНАТА: ДРЖИ  ГО МАРО КОПИЛЕВО, ЗА ДА И’ ВИКАМ НА МЕНКА КОПИЛЕШКАТА!!! ИСТА РЕТОРИКА, ИСТ ПРИНЦИП НА РАБОТА КАКО ЦАКИ. И ТОЈ СИ ТЕРА МАГАРЕТО НА КАЈ ТУТУНСКИ КОМБИНАТ И УВО НЕ ГО БОЛИ ЗА ВАС. И ТИ СИ ТЕРАШ  МАГАРЕТО И УВО НЕ ТЕ БОЛИ ЗА СПРОТИВНИОТ ТАБОР ОО НА СДСМ И ЦАКИО. ЕПТЕН ВИ Е ПОГОДЕНА РАБОТАВА!!!

 

  • НЕ Е ПРОБЛЕМ ШТО МЕСИЈАТА НА ПРИЛЕПСКАТА ОО НА СДСМ, ХАРИ ЛОКВЕНЕЦ СИ ПОДНЕСЕ  НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ОД ФУНКЦИЈАТА ДИРЕКТОР НА МЖ – ИНФРАСТРУКТУРА. И НЕ Е  ПРОБЛЕМ ШТО НАПИШАЛ ДЕКА ОСТАВКАТА ДО ВЛАДАТА ЈА ПОДНЕСУВА ОД ЛИЧНИ ПРИЧИНИ. ОСОБЕНО ШТО НА ХАРИ МУ ДОШЛО НА „СОН“ ДЕКА МУ Е ДОСТА ОД ФУНКЦИИ. ПРОБЛЕМ Е ДАЛИ ВО ОВА НЕГОВО ОБРАЗЛОЖЕНИЕ НЕКОЈ ВО ПРИЛЕП МУ ВЕРУВА?!? И ШТО Е НАЈТРАГИЧНО ДЕКА ЛОКВЕНЕЦ БЕШЕ ПРАТЕНИК „И СЕ БАШАРЕШЕ НИЗ ПРИЛЕП“ КАКО  СЕГА МИЛЕ ТАЛЕСКИ, СПОРЕД МЕНЕ  ЛОША КОПИЈА НА СУГАРЕ, СИТЕ ПЛУКАА ПО ХАРИ. СЕГА КОГА СЕ МАВНА ОД ВИЛАЕТОВ  ПРИЛЕПСКИ И СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ОД  ДИРЕКТОР НА МЖ-ИНФРАСТРУКТУРА СИТЕ ГО ЖАЛАТ. АБЕ  ШТО ЧУДО ОД НАРОД ЌЕ БЕВМЕ.

 

  • И НА КРАЈ ДА ВЕ ПОТСЕТАМ ЗА ДА НЕ ЗАБОРАВИТЕ  ОСОБЕНО НЕ ДЕНЕСКА И НЕ ВЕЧЕРВА. ЛОКАЛНИВЕ  ВЛАСТИ ПО ПОВОД ЗАВРШУВАЊЕТО НА УЧЕБНАТА ГОДИНА ВО ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТ  ЌЕ ОРГАНИЗИРААТ  ДРУЖБА  ФЕСТИВАЛ -ЛАПАЧКА НА ПАЛАЧИНКИ. ИСКРЕНО УШТЕ ОВА ЧОВЕК ДА ГО ВИДИ, ПА ДА НЕ МУ Е ЖАЛ ДА УМРЕ. БРАВО ЗА ЛОКАЛНАВА ВЛАСТ, А ОСОБЕНО БРАВО НА ТОЈ ШТО ГО ИЗМИСЛИЛ ОВА ЧУДО НА ЧУДАТА!!!

Би можело да ве интересира

Ќе се спроведува трета фаза за уништување ларвени форми на комарци во прилепско

Пела Редакција

До 31 јули продолжен рокот на важност на патните исправи и возачки дозволи

Гордана Цветаноска

Откупот закочи – клуч се повисоки цени !!! (ВИДЕО)

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе