30.6 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Четворица повредени во сообраќајна несреќа кај Ропотово

Во полициската станица Прилеп синоќа било пријавено за сообраќајна несреќа во која биле повредени 4 лица:

Вчера во 20.30 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека помеѓу село Ропотово и село Сарандиново, општина Долнени се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд галакси“, управувано од А.Ч.(44) од с.Дебреште, прилепско и трактор „тафе“ со приколка, управуван од Ж.В.(62) од Прилеп, и двете со прилепски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот Ж.В., а со телесни повреди се здобиле тројца сопатници од возилото „форд галакси“, А.Ч.(71), М.Ч.(74) и една малолетничка, сите од село Дебреште, констатирани во Градската болница Прилеп.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.

Би можело да ве интересира

Пријавете се за хуманитарната трка „Prilep run 2026″

Во тек јавниот увид во избирачкиот список

Пела Редакција

Семејство од с.Пашино Рувци пријавило за исчезнување на нивниот 16 годишен син

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе