Австралиско – Македонското друштво „Методија Андонов – Ченто – Сиднеј, од Австралија, повторно донира опрема за младите спортисти .Овој пат опремата и реквизитите ги добивааат младинските фудбалски школи во Општина Прилеп . Опремата вклучува – дресови, шушкавци, топки, степери, мрежи, скали за вежбање, фитнес топки, ролери, ластици и јажиња, спортски реквизити во вкупна вредност од околу 3000 евра.
Соработката помеѓу Општина Прилеп и Австралиско – Македонското друштво „Методија Андонов – Ченто“ од Сиднеј, трае повеќе од една година, преку советникот за млади Гоце Бумбароски, и, ова е трета донација.
Со донацијата, велат од македонското – прилепско здружение од Австралија, „Методија Андонов -Ченто„ сакавме да дадеме мал придонес за нашата таатковина, за нашиот град, да израдуваме многу деца од Прилеп кои тренираат фудбалот.
Минатата година, ова друштво донираше опрема за основните училишта во општина Прилеп, во износ од 5000 долари (печатари, телевизори, топки, тримери за трева, поликолор, нагледни средства за ученици со посебни образовни потреби), и околу 500 фудбалски дресови кои ги добија прилепски дечиња, спортисти од разни клубови.
Ваквите акции ќе продолжат во наредниот период (ќе следи донација за другите спортски клубови – ракомет, одбојка, тенис и сл), велат од Австралиско – Македонското друштво „Методија Андонов – Ченто„ од Сиднеј, Австралија,кои се радосни што нивната донација ги радува децата спортисти во Прилеп