30.6 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

„Велика Сабота“ – денот меѓу смртта и воскресението, денот што ги спојува распнувањето и радоста

Велика Сабота е денот меѓу смртта и воскресението, меѓу петок и Велигден, денот што ги спојува распнувањето и радоста.

Великa Сабота е ден на исчекување, ден на свештен трепет пред Христовото Воскресение. Денешниот ден, Велика Сабота, според христијанското учење е ден на свештен трепет пред Христовото воскресение, кое точно на полноќ ќе го означат биењето на камбаните и радосниот восклик „Христос воскресе“.

Православните верници ги прават последните подготовки пред вечерашното прославување на најголемиот христијански празник – Велигден.

Вечерва се оди во црква каде што секој носи црвено јајце. На полноќ сите присутни со песната „Христос воскресе” трипати ја обиколуваат црквата. Во црквата се останува за големата литургија, а потоа се причестуваат, се кршат со јајцата и се омрсуваат.

Би можело да ве интересира

Состојбата со коронавирусот во Прилеп

Протести на Македонците во Канада

Крај на печатите за пасоши – Од 12 октомври Европа го воведува новиот систем за влез/излез (EES) во 29 земји

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе