7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

По дискусијата „ќе има – ќе нема Пивоефест„ прилепските советници одржаа седница со 30 точки и заминаа на годишен одмор

Седницата започна со дискусија за (не) организацијата на „Пивофест„. По усвојување на дневниот ред од 30-  тина точки,  беше побарано од советничката група на СДСМ,  на дневен ред да се најде точката  „Предлог- одлука за прераспределување на средствата од Пивофестот“.Тие предлагаа тие пари да се врата во Програма за спорт и рекреација и побараа инфомрација од градоначлникот за причините за одложувањето на Пивофестот.

„Зошто не се организираше Пивофестот оваа година? Кај кого е кабаетот?„ прашуваа советничката група на опозицијата од говорницата. „Регионалната стопанска комора нема да го организира „Пивофестот„ и членките од Регионалната Стопанска комора нема да го поддржат наводниот организатор, кој минатата година незадоволително ја организира оваа мнифестација„-  истакна од говорницата, советникот од СДСМ Никола Мариновски. Бидјеќи дисусијата се разводна ,по куса пауза советниците – предлагачи одлучија да ја повлечат точката од дневниот ред, а градоначалникот од говорницата информира дека Пивофестот се одложува за крајот на август (31 август и во 01,02 и 03 септември), а не се откажува.

Седницата продолжи со извештајот за проценката и заштитата од појава на заразни болести на територијата на Општина Прилеп, односно за ажурирање на овие податоци кои ги доставува ЦЈЗ – Прилеп.

Она што беше тековно и неодложно, беше прифајќањето на критериумите и комисијата која ќе одлучува за сместување и згрижување на децата во ЈОУДГ ,,Наша Иднина”-Прилеп. Но, задожителна беше и одлуката за  кофинансирање на проектот од УНДП, во висина од над еден милион денари, за проектот предложен од  „Форум на заедницата„, каде граѓаните одлучија за поставување на урбана опрема – реквизити за инклузивно детско игралиште на Могила, со цел, градежата активност за игралиштето да започне.Беше предложено и субфенционирање на автобуски линии и тарифник за превоз за жителите од населени места, кои се одалечени од општините. Советниците овие одлуки едногласно ги прифатија.

Пред советниците беа и извештаите за безбедносната состојба во Прилеп и програмата по која работеле ПС од ОН Прилеп во 2022 година. Но, тие не беа усвоени од мнозинството советници, поради, како што беше кажано од говорницата,  „недоверба во извештајот за безбедност на Прилеп„,  посочувјаќи ги како причина дрвократството како појава, физичките напади и грушни тепачки и сообрајќаните незгоди во Прилеп .

Пред советниците се најде и предлог одлуката за задолжување на ДПТУ ,,Терминал Комуналец” Прилеп и одлуката за заложување на недвижен имот во сопственост на ЈКП „Комуналец“ Прилеп, на кое мнозинството советници дадоа oдобрување.

Изјава за медиумите, веднаш после завршувањето на 30-та седница на  Претседателот на Совет на Општина Прилеп, Дејан Проданоски :

 

На оваа седница беа верификувани мандатите на членовите на Локалниот младински совет на Општина Прилеп, кој треба да работи на унапредување на положбата на младите, развојот на младинскиот сектор, поттикнување на младите за  учество во креирање на младински  политики  и да носи одлуки кои овозможуваат социјален и личен интерес на младите во Прилеп, одобрени годишните планови за вработување во 2024 година на: ООУ “Блаже Конески”-Прилеп, ООУ “Гоце Делчев”-Прилеп и ООУ “Кирил и Методиј” с.Канатларци, Прилеп, и усовени 15 -та предлог-одлуки за утврдување услови за донесување на урбанистичко планска документација, со која ќе се изврши проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправни изградени објекти или нивна пренамена по барање на граѓани од Прилеп и наслениете места, па советниците по оваа седница го зедоа годишниот одмор.

 

 

 

Би можело да ве интересира

Почна аплицирањето за субвенции за трета фаза млеко во преработувачки капацитети

Гордана Цветаноска

Царовска во Прилеп:„ Со јануарската пензија, пензионерите ќе добијат покачување од 700 ден“

Елизабета Филипоска

Во Банат, Србија, улица ќе биде именува по Тоше Проески

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе