5.9 C
Прилеп
сабота, 9 ноември, 2024
Пела Радио

ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА АПАРАТ ЗА МАГНЕТНА РЕЗОНАНЦА ВО ПРИЛЕПСКАТА БОЛНИЦА

Пациентите од Прилеп и околните општини веќе нема да мораат за преглед на магнетна резонанца да патуваат во Битола  или Скопје туку оваа здравствена услуга ќе ја добиваат во ЈЗУ Општа Болница со проширена дејност во Прилеп.

Таму денес во присуство на владини преставнци ,премиерот Ковачески, министерот за здравство Беким Сали,стопанственици.. беше пуштено во употреба Одделение со магнетна резонанца.Средствата се  обезбедено преку ИПА фондовите од Министерството за здравство, а средствата за градежниот дел ги обезбеди Прилепската болница.

„Во Прилепската болница означуваме ново поглавје во овој сегмент што значи зајакната дијагностика. Новата магнетна резонанца за првпат се обезбедува во оваа болница. Здравствените услуги ги доближуваме поблиску до граѓаните кои оваа дијагностичка услуга ќе ја добиваат во нивното место на живеење. Апаратот од денес е поврзан во националниот електронски систем Мој термин,а изминатите денови заврши обуката на персоналот и се направија сите пробни снимања“, рече министерот за здравство Беким Сали.

Во последните четири години за Прилепската болница обезбедени се 40 специјализации, од кои само во последната година 24 , а набавена е и нова опрема.

Запрашан од новинарите кога ќе се подобрат условите за работа во Итната медицинска помош во Прилеп, која работи во стара зграда, Сали одговори дека подготвуваат регионална стратегија за набавка на 60 возила за овие служби низ државата, а во делот на реновирање на објекти плановите се во почетна фаза.

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски при оваа посета на Прилеп истакна „Магнетната резонанца е од огромна придобивка за граѓаните на Прилеп и околината. Во овој оддел од денеска највисока здравствена услуга неопходна за точна дијагностика ќе добиваат околу 120.000 граѓани”, рече премиерот Ковачевски и додаде дека после повеќе од 50 години болницата добива модерен апарат за магнетна резонанца со кој сега ќе може уште поцелосно да ја остварува својата мисија – да обезбедува квалитетна здравствена услуга на населението од Прилеп, Крушево и Македонски Брод и за целиот овој регион.

Тој потенцираше дека во изминатите две години пандемијата покажа дека инвестициите во јавното здравство се инвестиции во здравјето и иднината на нашата држава.

Директорката на болницата „Борка Талески“  Кети Смилеска при пуштањето на магнетната резонанциа рече дека изминатата година Општата болница во Прилеп испрати 30 доктори на специјализација и се заблагодари на персоналот, за нивниот труд, пожртвуваност и посветеност, како и општествено одговорните компании во соработка со кои, како што рече, успеваат да обезбедуваат опрема и апарати, кои помагаат во секојдневната работа на болницата .

Би можело да ве интересира

ОК ВМРО ДПМНЕ Прилеп: на лагата и се кратки нозете!

Пела Редакција

ВНИМАТЕЛНО! Пак, пропадна асфалтот кај кружниот тек кај Поштата

Пела Редакција

Во Прилеп одбележан Денот на сеќавањето на руските војници кои загинаа во Првата светска војна

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе