2.4 C
Прилеп
сабота, 22 февруари, 2025
Пела Радио

Приведени тројца дрвокрадци, пронајдени нежигосани огревни дрва

На 21.07.2022 во периодот од 02.00 до 10.00 часот во реонот на с.Беловодица, прилепско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Старавина при Регионалниот центар за гранични работи Југ во координација со полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Б.М.(33), Ф.Ц.(28) и Н.Б.(25), сите од Прилеп.

„Тие биле затекнати како со три возила превезуваат нежигосани огревни дрва без документација. Дрвата и возилата биле одземени за понатамошна постапка, а лицата биле задржани во полициска станица“, велат од МВР.

По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

На 22.07.2023 во 01.15 час.во с.Беловодица, прилепско при заедничка акциска контрола на полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп и РЦ за ГР Југ, пронајдени се зелени нежигосани дабови дрва во количина од 20 м3. Истите со записник за предавање на пронајдени предмети се предадени на лице од Шумска полиција.

Би можело да ве интересира

Мед за децата во згрижувачки семејства

Елизабета Филипоска

Дно во македонскиот женски ракомет (Видео)

Пела Редакција

Започна реконструкцијата на патот за Мариово,Крушево ќе ги реконструира улиците

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе