23.4 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Родителите ослободен од надомест на трошоци за детските градинки

На дневниот ред од денешната 45-та седница на Советот на општина Прилеп советниците донесоа Одлука за ослободување од надомест на трошоци на родителите чии деца ги користат услугите на Јавната општинска установа Детски градинки „Наша иднина“.

Ослободувањето важи за месеците април, мај и јуни, како и за останатиот период до почетокот со работа на градинките. Со Одлуката се опфатени родителите на околу 1.500 деца, кои во месеците кога децата не одат во градинка плаќаат 35% од месечниот износ.

Советот на општина Прилеп ги усвои кварталниот извештај за извршување на буџетот на општина Прилеп за првиот квартал од 2020 година, како и годишната сметка и извештајот за финансиското работење на ЈКП „Водовод и канализација“ за 2019 година и тримесечниот извештај за периодот од 01.јануари 2020 до 31.март 2020 година на јавното претпријатие.Прилепските советници дадоа согласност и за тримесечните извештаи за финансиското работење на ЈКП „Комуналец“, ЈКП „Пазари“ и ЈП за ПУП.

На денешната седница беа донесени повеќе одлуки за легализација на бесправно изградени објекти на жители на општина Прилеп.

Би можело да ве интересира

Утре ( понеделник) автобуската линија еден на Јавниот градски превоз – Прилеп нема да сообрајќа

Пела Редакција

Женско е првороденото бебе во 2023 та во Прилеп

Патронот на ООУ „Страшо Пинџур“,одбележан пред новопоставената биста на херојот

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе