11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Прилеп го одбележа Илинден, Денот на Републиката

Делегација од Општина Прилеп, предводена од градоначалникот  Борче Јовечски, Советот на Општина Прилеп, Сојузот на борци, политички партии и група граѓани одадоа почит на заслужните дејци и прилепски револуционери, со положување на свежи цвеќиња пред спомениците на: ‘Методија Андонов – Ченто’, ‘Кузман Јосифоски – Питу’, ‘Ѓорче Петров’, ‘Пере Тошев’ и на Могилата на непобедените, со што им оддадоа почит и се поклонија пред сите хероите кои ги дадоа своите животот за слободна и незавсина Македонија .

На тој начин градот денеска , се приклучи кон чествувањето ио одбележувањето на двата Илиндена, 120 години од Илинденското востание и 79 години од Првото заседание на АСНОМ.

„Денеска, одбележувајќи ја 120 годишнината од Илинденското востание и 79 години од Првото заседание на АСНОМ, даваме завет дека ќе ги чуваме и негуваме придобивките од Илинден и АСНОМ, бидјеќи на тој начин ја чуваме и македонската држава, македонскиот јазик, традицијата и историјата. Денес, како генерации имаме и нов историски предизвик, но, и обврска кон идните генерации, да создадеме национално достоинствена и меѓународно почитувана Република Македонија, која би чекорела напред кон економски, европски и демократски развој„- истакна градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески, честитајќи им го Илинден, Денот на Републиката на сите граѓаните.

Делегација од Прилеп присуствуваше и на чествувањата на Илинден во Крушево.

Би можело да ве интересира

Колкави се шансите Универзална сала да биде повторно активирана?!

Пела Редакција

(Видео) Бесплатен јавен градски превоз за сите во недела, одлучи Советот на Општина Прилеп на денешна седница

Гордана Цветаноска

Во Прилеп се поставува пункт за донации за настраданите во земјотресот во Турција и Сирија

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе