По вчерашните дојави за поставени бомби во 2 централни и 2 подрачни училишта во Прилеп, утринава Кризниот штаб одржа седница. Во текот на вчерашниот ден имаше дојави со различен карактер во две основни училишта, во ОУ „Гоце Делчев“ и во ОУ „Блаже Конески“. МВР потврди дека заканите биле лажни како и претходните минатата недела.
Според градоначалникот Борче Јовчески биле преземени сите мерки за заштита, како што е навремена евакуација на учениците и персоналот во училиштата. Кризниот штаб очекува упатства во заштита и превенција од вакви сајбер закани, посочи градоначалникот Борче Јовчески, во изјава за медиумите.