3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Вечер на унгарски танци

На 4 август 2023/ петок/ од 20.00 часот на платото пред ЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи концерт Вечер на унгарски танци, што Центарот го реалиизира во соработка со Здружението на Унгарците Теледом и Амбасадата на Унгарија.

На концертот ќе настапат Оркестарот Јухас и Дунав Танода Народен оркестар и фолклорно друштво – Баја (Унгарија)

Оркестар Јухас – Суботица (Војводина)

Формиран е во 2000 година во Суботица. Членовите на оркестарот ги споила радостта на заедничкото музицирање и љубов кон народната музика. Со текот на години станал еден од најистакнатите оркестри на народен мелос во Војводина но и на сите територии со унгарско говорно подрачје. Добитници се на бројни награди и признанија како во Војводина, така и во Унгарија, но и во голем број на европски држави. Годишно одржуваат повеќе од 100 настапи со самостојни концерти или во придружба со фолклорни ансамбли. До сега имаат издадено 8 самостојни плочи. Карактеристиките на нивните начини на изразување се енергичниот звук, продорно, полно со живот пеење и податливо служење на публиката и на играорците.

Дунав Танода Народен оркестар и фолклорно друштво – Баја (Унгарија)

Дунав Танода народен оркестар и фолклорно друштво е формирано 2019 година во градот Баја со намера да ги подучува младите за автентична, звучна вокална  унгарска народна музика и народни танци, тие да ги пренесуваат пред голема публика и да ги популаризираат. Денес веќе се грижи за подучување на повеќе од 500 деца и возрасни и со нивните уметнички групи и солисти се појавуваат на на многубројни концерти и постигнуваат врвни резултати. Учесници се на голем број на натпревари, фестивали, и смотри, дома и во странство представувајќи го унгарскиот народ и нивната заедница, градот.

Би можело да ве интересира

Прилеп пред воведување на карантин?!

Гордана Цветаноска

Градоначалникот Јовчески на терен со секторот за урбанизам – да се уредат пешачките зони

Елизабета Филипоска

“Снежана на крајот умира“, најновиот македонски филм на Кристијан Ристески, конечно во Прилеп

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе