16.3 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Крај на учебната година – Од утре летен распуст

Денешниот е последен работен ден од учебната 2018/2019 година. Околу 10.000 ученици од основните и средните училишта на подрачјето на Oпштина Прилеп завршуваат со училишните обврски и од утре веќе се на летен распуст.

Oваа годна  летниот распуст ќе трае до втори септември, со оглед на тоа што, први септември е во недела. До кајот на месецов, учениците треба да ги добијат сведителствата со постигнатиот успех за завршеното одделние.

Што се однесува до полуматурантите , тие имаат обврска до 17/18 јуни да донесат одлука ,каде ќе го продолжат своето образование, а матурантите имаат обврска да ги завршат испитите од државната матура.

Доколку матурантите сакат да го продолжат своето образование и планираат да се запишат на факултет ќе може да го направат тоа во месец август.

За почетокот на следната учебна година, се очекува и новиот закон за основното образование кој во нацрт-верзија деновиве е поставен на Електронскиот регистар на прописи (ener.gov.mk)  за доставување сугестии и забелешки.

Би можело да ве интересира

Пожар во мариовско

Пела Редакција

Општина Прилеп организира јавна трибина за издавање општинска обврзница

Пела Редакција

Започнува чествувањето за Крапалак

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе