29.7 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Тешка несреќа на патот Крушево-Кривогаштани, загинаа жена и малолетник

На регионалниот пат Крушево-Кривогаштани, вчера 02.08.2023  во 17.00 часот било пријавено дека на место викано „Студена вода“, патничко возило „алфа ромео“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.С.(35) од с.Канатларци, прилепско, излетало надвор од коловозот.

По несреќата во Општата болница Прилеп биле пренесени сопатниците Џ.С.(33) од с.Канатларци, која во болницата им подлегнала на повредите, и малолетен сопатник кој бил препратен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, но при транспортот починал, а смрт констатирал лекар.

Додека со тешки телесни повреди се здобил возачот и уште двајца малолетни сопатници. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Крушево.

Би можело да ве интересира

Советот одржа седница онлајн, без “присуство“ на новинари. Сите предложени точки усвоени

Кадровските решенија тема на опозицијата и власта во Прилеп

По примерот на Идризово, прилепскиот затвор ќе добие работилница за изучување на занаети

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе