-3.2 C
Прилеп
сабота, 22 февруари, 2025
Пела Радио

Концерт на КУД Дримкол од Вевчани пред Цепенков

На платото пред ЦК „Марко Цепенков“ утре, на 8 август 2023  од 20 ч. целовечерен концерт ќе одржи КУД „Дримкол“ од Вевчани. Концертот е во рамките на програмските активности на Центарот за 2023 година.

КУД „Дримкол“ е сериозна културна институција која ја негува, развива, и промовира народна култура во нашата држва и надвор од неа. Во рамките на ова здружение членуваат 150 активни членови кои се распоредени во неколку уметнички целини и тоа: Фолклорниот ансамбал „Дримкол“ , Патувачкиот театар „Поклони се и падни“ , Пејачката група „Каданка“, Оркестарот на народни инструменти. Како национално богатство на Република Македонија, ова Вевчнаско здружение се афирмира себеси и ја афирмира нашата држава онака како што доликува: квалитетно и достоинствено, а како доказ за тоа се и освоените награди, дипломи и признанија на бројните домашни и меѓународни фестивали.

Би можело да ве интересира

Каква е излезноста на референдумот во Пелагонија?

Гордана Цветаноска

НТ „Војдан Чернодрински“добитник на 3 награди на фестивалот во Никшиќ

Гордана Цветаноска

Тунел за дезинфекција, донација за прилепската болницата

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе