30.2 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Во чест и слава на прилепските бранители – 22 годишнина од Карпалак

Со положување на свежо цвеќе и поклонение пред споменикот во кругот на касарната „Мирче Ацев“, изграден во чест на загинатите десет прилепски бранители денеска попладнево од 18 часот ќе започне одбележувањето на 22-та годишнината од трагичниот настан кај месноста „Карпалак“, каде во конфликтот 2001 година, животот го загубија десетте припадници на безбедносните сили на Р.Македонија, од Прилеп: Саше Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грјуоски, Дарко Вељаноси, Веби Рушидоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски.

По повод одбележувањето на 22-на години од трагичниот настан кај месноста Карпалак, доцна попладнево од 19 часот ќе биде положено свежо цвеќе и пред споменикот во село Лениште на кој се испишани имињата на десетте загинати резервисти кои загинаа на 8-ми август во конфликтот, 2001-та година.

Утре, на 8 август, делегации ќе се упатат на месноста Карпалак на патот Скопје-Тетово (тргнувањето е од 6 часот пред стара општина), а ќе бидат посетени вечните почивалишта на загинатите бранители на прилепските градски гробишта и во населените места. Во 10 часот ќе се одржи панихида во црквата „Света Петка“ во  населбата Точила. Во 13 часот е централното одбележување пред споменикот „Карпалак“ во центарот на Прилеп.

Би можело да ве интересира

Во спомен на Благоја Ристески Платнар, роден на денешен ден

Пела Редакција

Советот на Општина Крушево донесе одлука – забрана за движење во шума се до крајот на кризната состојба

Близу 700 казни за непоседување на возачка, најмногу во Пелагонија

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе