1.6 C
Прилеп
сабота, 18 јануари, 2025
Пела Радио

(ВИДЕО) Петти ден пензионерски протести во Прилеп, Извршниот одбор на Сојузот на пензионерите не поддржува протести

Петти ден пензионерски протести, пензионерската буна се прошири низ цела Македонија. Прилепските пензионери денеска протестираа пред Здружението во Прилеп каде се потпишуваа за поддршка на барањата кои ќе бидат доставени до ресорното министерството и Владата. В петок најавуваат револтот да го искажат на улица со марш, а за в понеделник е планиран протест во Скопје со организиран превоз што треба да го обезбеди прилепското здружение. Од иницијативниот одбор за протестите во Прилеп велат дека вчера се сретнале со раководството на Здружението. Извршниот одбор на Сојузот на пензионери во врска со протестите и барањата се огласи со соопштение. Меѓутоа, соопштението нема ниту печат ниту потпис, што дава дополнителн сомнеж.

Зошто пензионерите протестираат; Зошто бараат линеарно зголемување на примањата; Како функционира Здружението на пензионери во Прилеп од кое сеуште немаат поддршка во нивните барања и кои се плановите разговаравме во програмата „Радио што се гледа“ со Вера Јанческа, Милан Пирганоски, Вера Чакмакоска и Вера Стеваноска, членови на Иницијативниот одбор на протестите.

Би можело да ве интересира

Прилеп има 3 нови случаи на коронавирус

Во потрага по 10 годишниот Петар се вклучува екипа од Дирекција за заштита и спасување

ИЗБРИШАНИ ЗБОРОВИ ОД СПОМЕНИКОТ НА „ФЕВРУАРСКИОТ ПОХОД„

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе