12.1 C
Прилеп
среда, 9 октомври, 2024
Пела Радио

СЛАВИМЕ ПЕТТИ РОДЕНДЕН И НАМЕСТО ТОРТА ВИ ПОДАРУВАМЕ ПЕТ ИНТЕРНЕТ РАДИЈА, СО РАЗЛИЧНА ТЕМАТСКА МУЗИКА – СЛУШАЈТЕ МУЗИКА!

ПО ПОВОД НАШИОТ 5-ТИ РОДЕНДЕН,  5 години РАДИО ПЕЛА,  за ВАС КРЕИРАВМЕ и ги пуштивме во етер,  новите ПЕТ ИНТЕРНЕТ РАДИО СТАНИЦИ, со тематски музики кои може да ги користите во вашиот локал, кафетерија, канцеларија, дом,  ( без комерцијални реклами, без водителски содржини) …:

  • ПЕЛА YU хитови
  • ПЕЛА МАК забавно 
  • PELA CAFE
  • ПЕЛА МАК народно
  • ПЕЛА YU фолк  

Создадовме и апликација за вашиот Андроид телефон, која може безбедно да ја симните од нашиот порталот,  (каде е поставена)  и, да слушате ЕДНО ОД НАШИТЕ РАДИЈА , музика која Вам ви одговара! ПРОБАЈТЕ! БИДЕТЕ НАШИ ГОСТИ! Музиката е лек за душата,  но и за телото!

Симнете ја апликацијата, која е поставен на нашиот портал, на Вашиот паметен телефон! Безбедна е! потеребни Ви се три чекори! Слушајте музика!
Екипта на Радио Пела

 

Пет години сме вашите уши, глас и слика!  Пет години,  делевме со вас убави вести,  каде промовиравме безброј млади луѓе, културни работници, спортисти, спортски активисти, граѓански организации;  организиравме манифестација  „13 Величествени„ ,  да го покренеме натпреварувачкиот дух кај граѓаните кои во својата професија го нудат квалитетот и делуваат мотивирачки во опшествената заедница за поквалитетен живот.  Се бориме за важните теми за граѓаните да се дискутираат не само на националните ТВ и во Собранието, туку и на локално ниво ,преку нашите програми ! А, правото на дебатирање да го немаат само едни те исти луѓе, туку сите  граѓаните.

 

Но, делевме со ВАС и лоши вести:  афери, здравствени тешкотии,  информации за кражби и убиства, семејно насилство, плагирање на идеи,  сообрајќајки, малтретирање на луѓе и новинари, земјоделски маки ,тажни животни приказни…

ВО ТЕКТОТ НА ГОДИНИТЕ,  помагавме на луѓето чија помошта им беше потребана со  објавување инфомрации за  хуманитарни донации и концерти и го градевме јавното мислење за поквалитетно демократско размислување и будење на граѓанската свест, за гласност и перцепција за постоење, и битка за докажување.  Изготвивме повеќе од 2270 Видео интервуа со музичари, политчари , спортисти , граѓани,  граѓански активисти,  вредни млади луѓе, хуманисти, борци за човекови права.. промовиравме еко – акции, лица кои се граѓански или политички лидери, економисити, занаетчкии, иноватори..

Пет (5 ) години работиме во интерес на креирање на јавновото мислење, со аудио, пишан збор и видео промоција во живо, бидјеќи без МЕДИУМ нема ГЛАСНОСТ.

 

ВО ПЕТ години од  постоењето на Нашиот и Ваш медуми,   од локално рурално радио,  сместено во подножјето на малата Опшина Кривогаштани,  Радио Пела , која зрачи на фреквенција од 96,8 ФМ , креиравме и портал, radiopela.mk за пишаниот збор да остане архивиран, да биде споделуван и да ги бележи сите случувања во регионот . Немавме цел инфорамцијата да биде објавена пред другите медиум , не се натпреварувавме со другите.  Нашата цел беше и сеуште е, информацијата да биде проверена , точна и пред се корисна за граѓаните. Изработивем 5576 текстови , борејќи се притоа со  спиновите, ботовите, мимовите, нелојалната медиумска конкуренција,  со притисоците на поединци и моќници кои го втурнуваа (и го втурнуваат сеуште) медиумот во економска неизвестност и на работ на постоење,  (секој месец,  секоја година), во незгодно време на пандемијаи, економска криза ние креиравме и се бодревме, поддржани од чесните и добронамерни луѓе,пријатели, и оние кои знаат што значи квалитетен медиум и ја знаат важноста на информирањето.

 

И, создадовме  НОВА медиум – проект ВИДЕО ПРОГРАМА #радиоштосегледа, ВО НЕДОСТИГ НА класична ТЕЛЕВИЗИЈА ВО ПЕЛАГОНИЈА,  со можност ДЕЛАТА на вредните и почитувани граѓани во нашата заедница да ги презентираме преку видео промоција, да бидат и ВИДЕНИ . На ваквов начин ние сме единствениот медиум во МАКЕДОНИЈА кој секојдневно,  со видео “ѕирка„ во центарот на Прилеп ,  секојдневно говори на локални теми во живо од своето студио , крирајќи интервјуа, музички содржини  со видео . На ваков начин, организиравме секојдневно наградни игри, комуницираме секој ден со граѓните преку отворената програма, како никој друг пренесувавме инфомрации од спортските ЕП и светски на македонските репрезентации , работевме не уморно во намерата да информираме и да придонесеме кон слободно и квалитетно информирање на заедницата.

Во налетот и желбата за доближување на информацијата до граѓаните, а информација е и музиката,  убава , безвремена и квалитетна, креиравме, ВО ЧЕСТ НА НАШИОТ РОДЕНДЕН,  5 години РАДИО ПЕЛА,  и нови ПЕТ ИНТЕРНЕТ РАДИО СТАНИЦИ со тематски музики: ПЕЛА YU хитови, ПЕЛА МАК забавно , PELA CAFE, ПЕЛА МАК народно, ПЕЛА YU фолк.  Создадовме и апликација за вашиот Андроид телефон, која може безбедно да ја симните од нашиот порталот, каде е поставена.  И, да слушате музика која Вам ви одговара!

Но, не одеше се така лесно !  5 години се пет години напор и постојана  битката за одржување на медиумот, со голем напор  да го доближиме медиумот до слушателите, читателите, посетителите, со , изнаоѓање начини како економски да опстанеме,  со постојана битка за докажување за важноста на информацијата, со немање слух од бизнис секторот, особено малостопанствениците во општините каде гравитираме, за потребата од меѓусебната поддршка и соработака, со постојани спинови и напади на нашата програма и медиум, со игнорантски однос од страна на институциите, со шпекулации насочени кон медиумот, со индиректни закани и настојувања да престанеме да  функционираме како медиумот во пелагонискиот регион, со битките за промена на законските регулатива за медуми кои не го стимулираат работењето на локалните електронски медиуми, напротив го закочуваат, со неквалитетна соработка со јавните локални институциите и добивање слаба поддршка за активна соработка во интерс на граѓание, со популистички мери за „грижливост“ и полупласирани информации до медиумот, со притисоци од лица /поединци и групи/ кои сметаат дека ја имаат „исцицано“ сета мудрост на овој свет и Бог им ја дол моќта на владеење и контролирање на се’ околу нив.  Со многу “умномислители“ кои  имаат јавна и дирекна порака: „Кукајте, бележете , ние си тереме по свое,  а Вие..баш ни ( не б…) е грижа!„

Ситуацијата ни најмалку не е розова, кога локалните медиумите се во прашање  – ова е битка за постоење на граѓанскиот глас!

Но, продолжуваме со Ваша поддршка , со вашето пријателсто , за уште повеќе години РАДИО ПЕЛА  во ЕТЕР, со аудио, пишан збор и видео!

Ви благодариме што ни верувате!

 

Би можело да ве интересира

Канализција дури во 21 век е настан за одбележување

Елизабета Филипоска

Две фирми купиле седум парцели градежно земјиште на скијачките терени Станич во Крушево

Елизабета Филипоска

Трскавец со Марковите кули исконско култен простор во Пелагонија

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе