3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

(ВИДЕО) Авганистан ли е, Македонија ли е ?!

Човек да помисли дека за тие 10 минути колку што патува на единствениот излез и влез во Прилеп од Крушево се телепортирал во земја каде што се води војна или таа ден претходно завршила. Со еден збор – СТРАШНО!!!

Напомена:  видеото е снимено во утринските часови, кога нема вообичаена фреквенција на сообраќај и непосредно по попрскувањето на вода од цистерна. Вака изгледа патувањето по улицата „Леце Котески“ деновиве :

 

Ридови од чакал, парчиња од асфалт, неизрамнет пат, ивичници оставени да сведочат дека нешто се работи, сообраќајни знаци, прашина. Крајно необезбеден сообраќај ниту за пешаци, ниту за автомобили, ниту за велосипедисти и прашина, прашина, прашина ….

Секојдневни се поплаките од жителите кои живеат во непосредна близина бидејќи овие градежни активности се одразуваат и на нивното здравје, а големи штети трпи и бизнисот на дуќанџиите и фирмите кои се од двете страни на улицата „Леце Котески“.

„Домот ни е загаден од прашина. Имаме мали деца каде да ги носиме, не можеме ниту во дворот да си излеземе,“ вели една мајка која живее во близина на улицата.

„Ни рекоа има сандаче за поплаки, што ќе ми е тоа, кога никој не влегува од кога се почнати со изградба на патот. Кој ќе ја плати штетата? Во нормалните држави ваков пат се гради етапно, или треба да има алтернативна улица. Ни кажаа дека ќе се градел 10 месеци?! Најдобро ќе биде да се исселиме од овде“, вели еден од дуќанџиите кој сакаше да остане анонимен

Рехабилитацијата на улицата „Леце Котески“ во должина од 2 100 метри започна на крајот од јуни, а според договорот меѓу Министестерството за транспорт и Општина Прилеп треба да заврши во април идната година. Инвестицијата е вредна 48 милиони денари.

Би можело да ве интересира

Жена пешак тешко повредена од удар на автомобил во Прилеп

Од четврток до недела екстремно топло во Македонија

Пела Редакција

Плетвар лето, Прилеп во магла

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе