14.4 C
Прилеп
понеделник, 16 септември, 2024
Пела Радио

(ВИДЕО) И официјално од 1ви до 3 ти септември ќе се одржи Prilep Beer Weekend на местото од Пивофест

Денеска во Општина Прилеп беше потпишан меморандумот за соработка меѓу општината и организаторот Ивент груп.  Градоначалникот Јовчески потврди дека општината е подготвена за еден ваков настан.

Со особена гордост потенцирам дека во периодот од крајот на летото, односно, први, втори и трети септември го најавуваме Фестивалот на пивото. Оваа година доаѓа со еден месец задоцнување, но тоа нема да се одрази на посетеноста сигурни сме. Исто така со голем број на музички настани, ова продолжува во духот на културните настани кои се одвиваа ова лето со настапувањето на музички групи во духот на „Од 0 до култура“, исто така имавме и голем број на спортски настани ова лето. Значи во продолжение на овие настани ќе имаме настан кој што ја продолжува традицијата на тој фестивал на пивото. Локалната самоуправа оддвои од буџетот од програмата за култура средства од 1 милион денари што ја поддржува оваа манифестација. Градот е максимално подготвен за да се одвива ваква манифестација од забавен карактер и едноставно како фестивал на скарата и пивото ќе знаеме дека ќе биде претставен Прилеп во својот сјај, посочи меѓу другото градоначалникот Борче Јовчески.

Локацијата за „Prilep Beer Weekend“ останува иста, во центарот на Прилеп. Организатор на годинешниот Фестивал на пивото е Ивент груп од каде  потврдуваат дека обезбедени се балкански и македонски музички ѕвезди:

“Програмски, во музичко- забавниот дел,  ставаме акцент на домашната сцена, а кои ќе настапуваат од домашните изведувачи ,дополнително ќе информираме , бидејќи во преговори сме со дел од нив. А, што се однесува до изведувачите од регионот, тие веќе се познати  Аца Лукас, Тропико бенд, “Hurricane”, Тијана еМ…“,  истакна Дарко Крстески од „Event Group„,

Би можело да ве интересира

Во Цепенков „Пијано вечер“ со прилепските пијанисти Илија Иваноски и Денис Најдоски

Пела Редакција

Таблата на споменикот од Александар Македонски во Прилеп не издржа ниту еден ден

Гордана Цветаноска

Даниела Перканоска од Авто Контрол Прилеп, е дел од Марили бизнис клубот на најуспешни жени менаџерки од регионот

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе