1.6 C
Прилеп
сабота, 18 јануари, 2025
Пела Радио

Публиката во очекување на гол, но мечот Победа – Охрид заврши без голови

На Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп , во 3. рунда од Втората фудбалска лига на Македонија, Победа – Охрид 0:0. Иницијативата главно ја имаше домашниот тим, кој создаде и зрели шанси. Но, топката како да не сакаше да влезе во голот на Охриѓгани.

Резултат 0:0 беше разочарувчки за навивачите и симпатизерите на Победа кои дојдоа во поголем број да го бодрат својот тим. Меѓутоа, голманот Дамјан Серафимов имаше неколку одлично одбранина и остана несовладлив.Следното коло Победа игра повторно  дома, со Осогово, а прилепската публика верува дека подмладениот прилепски состав ќе им ја  врати надежта.

ПОБЕДА: Николоски, Талески, Стомнароски, Кукески, Ивчески, Ј. Наумоски, Кочоски (94. Горгиовски), А. Петејчук, Алимоски (60. Д. Дебрешлиоски), Ф. Димоски, , Грозданоски. Тренер: Филип Мирчески.

ОХРИД: Серафимов, Ѓорѓиевски, Петрески, Цветаноски, Демири (94. Наумовски), Матески (70. Дишлиевски), Бакрачески (46. Нически), Скоко, Ѓоргоски, Лога, Кадриоски. Тренер: Петар Џигероски.

 

Дел од текстот преземен од: https://shampion.mk/?p=8299

Би можело да ве интересира

РФМ го одложи стартот на првенството

Гордана Цветаноска

Универзалната сала да го носи името на Миле Нешкоски?!

Златно спортско перо за Кирил Самарџиоски

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе