25.4 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

На турнирот „Миле Нешкоски“ прилепчани ќе се борат за финале

На еден од подобрите ракометни турнири во машка конкуренција во земјава, турнирот “Миле Нешкоски“, денеска се одиграа натпреварите од второто коло од групната фаза. Домаќинот, РК Прилеп денеска ја забележа и втората победа.

Откако  триумфираше над Струга,  прилепските ракометари  славеа и над Скопје со 26-20. Втора победа на турнирот оствари и српскиот тим Дубочица Лесковац, кој беше убедлив против Струга, 35-21.Фински Кокс,пак, успеа да слави над ривалот над македонскиот суперлигаш Пролет 62 (29-26) и така ја запиша првата победа на турнирот.

Прилеп против српскиот тим ќе се бори за првото место во утрешниот натпревар, додека Струга и Скопје ќе играат да го избегнат последното место во групата.

Во текот на утрешниот ден (недела) ќе се одиграат последните средби од групите:  Скопје игра со Струга, Пролет со Мулти Есенс, Кокс со Еурофарм Пелистер 2, додека Прилеп оди на дуел со Дубочица.

По овие натпревари ќе се знаат дуелите за пласман.

 

Би можело да ве интересира

Владо Илиевски : кошаркарската бајка за нас ќе трае доживотно (видео + ФОТО )

Никола Димески

Како што треба да биде : Победа ја одреди цената на поединечните и сезонските влезници

Никола Димески

Македонија испушти триумф против Велс – а колку убаво го искористивме киксот (ВИДЕО + ФОТО)

Никола Димески

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе