9.2 C
Прилеп
петок, 28 март, 2025
Пела Радио

Стартуваа натпреварите во третата фудбалска лига југ – голови на секој “ќош”(ФОТО)

Вкупно 24  гола беа постигнати на пет натпревари на  стартот од шампионатот во третата фудбалска лига југ.Најмногу во Велес каде Борец триумфираше со дури 9:0 против Бучин а на почетокот на новата сезона, бодови и за дебитантот Ултрас кој на домашен терен ја совлада Локомотива 2018 со резултат 3:2 и тоа по неверојатна завршница од натпреварот кога домаќинот испушти предност од два гола па мораше да игра на гол предност до крајот и успеа во тоа.

Во останатите натпревари :  Питу Гули – Марена 2:1 , Големо Коњари – Росоман 2:1, Младост 1930 – Слога 1976 2:2.Ова е само почеток на една интересна сезона во која главно прилепските претставници ќе водат битка за првите позиции а стартот најавува и голгетерска сезона.За во следното коло повторно се очекуваат дуели кои ќе привлечат внимание, како Бучин – Ултрас , Питу Гули – Превалец и Росоман – Младост 1930.

Би можело да ве интересира

Четири контролни натпревари, четири победи на Победа

Елизабета Филипоска

РК Прилеп уште еден натпревар го дели од сигурен опстанок во Супер лигата

Група по мерка за македонската фудбалска репрезентација – ривалите добро познати (ФОТО)

Никола Димески

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе