26.5 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Со натпреварот во Струга, Победа ќе го сефтоса стартот на Првата македонска лига

Со натпреварот меѓу Струга Трим Љум и прилепска Победа, в сабота 6 ти август официјално започнува новата сезоната во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) и со тоа, по неколкумесечна пауза се враќа клупскиот фудбал во Македонија. Според најавите,ТВ пренос од натпреварот со почеток во 17 часот и 30 минути е обезбеден на МТВ 1  и МТВ 3.

Сезоната 2022/23 во ПМФЛ ќе се одигра со единаесет клубови бидејќи Ренова официјално соопшти дека клубот од Џепчиште нема да биде дел од натпреварувањето.

Титулата првак ја брани Шкупи, додека нови прволигаши се Победа и Силекс. Уште не е позната сатницата за останатите четири натпревари од првото коло, бидејќи Шкупи и Шкендија побараа одложување на натпреварите заради европските обврски.

Новата сезона во Втората фудбалска лига, пак, ќе стартува следниот викенд на 13 ти август.

 

Би можело да ве интересира

ПРИЛЕП СО СИЛЕН ОТПОР НА ЛИДЕРОТ

Јане Николоски нов тренер на Победа

Пела Редакција

Кога девојките „тепаат“ резултатот е 1:9

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе