11.9 C
Прилеп
сабота, 19 април, 2025
Пела Радио

Концерт во Крушево „Со љубов за Тоше“ (16 години од последниот концерт на Тоше на 5 ти октомври)

Годинава е 16 та од последниот концерт на Тоше Проески одржан во Скопје на Градскиот стадион. На 5ти октомври на Платото пред Спомен куќата на Тоше во Крушево  повторно ќе се потсетиме и заедно ќе ги пееме неговите песни кои оставија траен белег во македонската и балканската музичка сцена. Концертот е закажан со почеток во 19 часот, а неговите пријатели, музичари, пејачи, фанови, почитувачи, сограѓани ќе се потсетат на неговите безвремени хитови.
Ќе настапат: Александра Јанева, Димитар Андоновски, Славица Ангелова, Мите Стоилков, Александра Трајческа, Никола Зацески, Зоран Илиев,Инвиктус Бенд, и балканските ѕвезди Бојан Маровиќ и групата Фрајле.
Концертот се одржува со поддршка на Општина Крушево, Спомен куќата Тодор Проески, Министерството за култура и неколку општествено одговорни компании.
„Нашиот Тоше живее во секоја насмевка, во човештината на која не учеше, на големината на љубовта да дадеш премногу и кога немаш… Означуваме 16 тажни и тешки години од последниот одржан концерт во Скопје без нашиот најпознат пејач на сите времиња,“ посочи градоначалникот на Крушево Томе Христоски најавувајќи го концертот.

Би можело да ве интересира

Невреме и силен ветар со брзина од 150 км/ час во Пелагонија – откорнат кров од зграда

Елизабета Филипоска

Олимписко сребро и бронза за Ивана од Прилеп и Атанас од Крушево

Пела Редакција

Нема да се наплаќа комунална такса за користење на простор пред деловен простор

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе