7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

(ВИДЕО) Пензионери: не постои средна класа, туку само робови и робовладетели!

По одлуката за процентуално, а не за линеарно зголемување на пензиите, прилепските пензионери, предводници на протестите во цела Македонија денеска одржаа мирен протест блокирајќи го сообраќајот на раскрсницата кај Чумовчани во Прилеп. Гневни за како што велат крајното непочитување од страна на надлежното министерство, на тешкото секојдневие, немаштија, неможност да се соочат со растечките потреби за опстанок, пензионерите најавуваат продолжување на протестите, штрајк со глад пред министерството за труд и социјална политика и пред Владата во Скопје.

  • Ве молам луѓе да се обединиме, да се обединиме, да застаниме на прагот на нашите страдања. Ова не е страдање, ова е веќе понижување, ова е дно на дното. Јас незнам и на телевизија излегува и министерката и претседателката, што кажаа ново? Дека од 6, 8 на 5,3 ги намалија пензиите? Како не им е страм? ! Изгледа немаат ни страм, немаат ни перде овие, само зинати за крадење за ништо друго! Што ќе правиме со кои пари сега, еве почнаа да идат сега писма за даноци, за куќа, за нивите треба да платиме. Од кои пари ќе ги платиме? Од кои пари? Си го клава таа прстот на умот или не?! Или важно и секое излегување на телевизија или важно и е различна шарпа и марама да стави? Јас незнам, не гледа дека вистински народот страда?! Не можам да изберам соодветен збор да ги навредам белки ќе му текне што прават!!!
  • Министерката штити едно 50 илјади пензионери кои работеле во државни установи. Ние сме плаќале даноци, сме работеле по конфекции, по  фа брики, по земјоделски задруги, дрвна индустрија, сме плаќале даноци за тие да земаат плата. Тие зедоа поголеми плати и сега земаат поголеми пензии. Министерката ги штити тие 50 илјади пензионери, таа се изјасни за тоа дека тие ќе биделе навредени ако таа дадела линеарно покачување на пензиите, а ние 280 илјади пензионери кои сме на маргините на сиромаштијата и таа средна класа која беше на времето, нема повеќе. Сега нема средна класа, сега има робови и робовладетели. Тие се робовладетели, ние сме робови. Молиме за парче леб – или линеарно покачување на пензиите или да си одат од тука. Пари има.
  • На телевизија некни министерката глупости треси. Лаги со опашки. Буџетот ќе се дестабилизирал. Кој буџет ќе се дестабилизира? Истиот фонд ќе се подели линеарно на сите пензионери. Што ќе му биде на  фондот, на буџетот што ќе му биде??? Страмота!!! Не направија граѓани од втор ред. Видете ги луѓево – со стапови, со бастуми доаѓаат, паѓаат овде по сонцево, за страмота!!!! Па ние ја градевме оваа оваа држава, со години одделувавме од платите за вие сега да седите таму и да тргате глави на страна, ич да не ве интересира за нас. За страмота!!!! Половината не доаѓаат овде, оти не мо жат, болни се луѓето и плаќат дома, криво им е што не можат да дојдат.
  • Сакам да ја поздравам прво министерката за труд и социјална политика и да и кажам дека таа комисијата ја собира 3 месеци. И никаков резултат досега нема кажано. Ние како пензионери се сомневаме во нивните одлуки и бараме од сите градови, претставниците од сите градови од здруженијата да им биде овозможено присуството таму, за да слушаат. Не тие собери се и како што претпоставуваа сите собери се таму, напиј се кафе и замини си. Ние ќе мораме да застаниме, не можат сите да одат, ама ќе одбериме екипа и ќе штрајкуваме со глад пред Владата и пред нејзината канцеларија. И повеќе нема да ги трпиме, нема да ги трпиме.
  • Имам еден предлог до нашата министерка. Гледаме дека е многу мераклија за отворање на тендери, јас би ја замолила да отвори тендери за овие пензионери сите да се направат старски домови. Затоа што останавме ние на улица, младите ги нема. Во времето велевме државата останува на младината. А сега за жал остана на нас пензионерите. Затоа би ја замолила министерката нека пушти тендери затоа што е многу мерак за тендери нека направи старски домови, луѓето пензионерите со минимални пензии, децата не им се тука да може некој да ги прибери. Затоа што ќе не можат ни чаша вода да пијат, оти нема кој да им ја даде.Ова е навистина страмота и гревота. Онаа слика која некни беше во Скопје бевме како кучиња скитници по улиците. Од кого се бранеа, би ги запрашала, со толку полиција? Од кого? Кои сме ние од својот народ. Од сите овие работници што ги градеа гигантите што сега се газди неколкумина, што своите животи и својот труд го оставија во оваа за жал денешна Македонија, кој малкумина знаат и знаат да ја почитуваат парче земја кое ни остана? Драги претставници во Владата, драг премиере во наводници како не ви е страм??? Како не ви е страм, од чии гласови седнавте таму?  Сега за краток период ќе почнете по улиците како и секои избори да даваме по една кеса или по две кила брашно за да гласаме, страмота е, страмота е!!! Затоа што немаат луѓето леб да си купат, вадат од континеирите. Нека дојди министерката да види како по фурните чекаат луѓето за леб вратен од 20 денари.

Би можело да ве интересира

Крушево ги дезинфицира јавните површини

Елизабета Филипоска

Ново поскапување на горивата од полноќ

Пела Редакција

Од локалниот водовод во Крушево, водата не е здравствено исправна за пиење

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе