3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

(Видео) Чествување за 11ти Октомври во Прилеп со засилени мерки на безбедност

Со импровизиран напад на градот, со бројни настани и огномет во предвечерието на празникот, Прилеп,синоќа  ги почна чествувањата и одбележувањето на 82 години од почетокот на Народното востание и антифашистичката борба.
Денеска, пак, во чест на 11 Октомври, бројни делегација ја посети Могилата на непобдените и Паркот на револуцијата,  каде се моштите на 650 борци што ги дал Прилеп во НОБ и Револуцијата, и положија цвеќе во чест на загинатите херои кои ги дадоа своите животи за слободна и независна Македонија.
Венци и свежо цвеќе на Могилата на непобедените положина: прставници од од Сојузот на борците, од Владата предводена од од вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, од Собранието на Р.М и прилепските пратеници , преставници од ВМРО ДПМНЕ предводена од претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христајан Мицкоски, преставници од локалната самоуправа, преводена од градоначалникот на Општина Прилеп, преставници од Советот на  Општина Прилеп, преставници од политички партии и граѓани.
   
„Стојеќи, тука, на ова место, пред спомен обележјата во нивна чест, каде се бистите и на Народните прилепски херои, се потсетуваме на победоносното востание кое тие го извојувале за создавање македонска самостојна и независна држава, и на аманетот кој ни го оставиле, да ја чуваме, сакаме и да ја браниме од секакво зло со верата и силата на нашиот дух. За жал борбата сеуште трае! Посебно сега, во овие исклучително бурни времиња за македонската држава, кога некои држави го оспоруваат нашето вековно постоење. Затоа, токму од ова место, мора да ветиме, дека ќе се сплотиме и ќе останиме цврсти и одлучни во заштита на нашиот јазик, историја, постоење како државотворен народ„-истакна градоначалникот на Прилеп
Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, придружуван од заменик министерката за здравство, Маја Манолева и заменик министерот за образование и наука, Агим Нухиу, положи цвеќе и пред споменикот на „Кузман Јосифоски Питу, Методија Андонов – Ченто  и „Жената Борец „ на Могилата на непобедените ,изјави
„Епопејата на 11 Октомври 1941 година започна со историската одлука на македонските граѓани да бидат дел од антифашистишкиот сојуз на прогресивните држави во Втората светска војна и со тоа да ја создаат државноста на нашата земја со победата над фашизмот како заедничка победа на прогресивните народи на Европа.Засекогаш останува долгот за достојно сеќавање и одбележување на овој голем ден за сите нас, за Албанците, Македонците, Турците, Власите, Србите, Ромите, Бошњаците и сите други, секогаш да бидеме обединети во негувањето на нашето праведно општество. Нека е вековито сеќавањето на големиот ден – честит 11 Октомври, Ден на востанието““, истакна тој
Под силно обезбедување, денеска Могилата на непобедените и Паркот на револуцијата во Прилеп, граѓаните не можеа да го посетат додека делегациите положуваа цвеќе .
„Не бев пуштен со делегациите да го посетам ова место и да се поколонам  на мошттите од мојот такто ,па тоа еве, ќе го направем сега, по нивно заминување. Мојот татко е закопан тука. Неговите моши, со уште на 650 други партизани, во 1961 година од партизанските гробишта во Прилеп , во лимена кутина со број 61, беа прфрлени во овој Монументален споменик  и заедничка горбница на сите тие партизански херои , Могилата на непобедените, кој денес  го симбоилизра  непокорот на македонскиот народ и нивнто жртвување на слободна Македонија.„ истакна , 80 годишниот д-р Благоја Дамески ,син на Василе Дамески, чии мошти се наоѓаат закопани во коплекстот „Могилата на непобедените„
„Ние дојдовме од Кисела Вода од Скопје, бевме уредно најавени и сакавме како поддржувачи на боречката организација да положиме цвеќе и да им одадемепочит на загинатите порци, заедно со сите делегации, но тоа од обезбедуваето не ни’ беше дозволено  ,со изговор дека не сме во спсиокот на делегациите“ револтирано кажа Павлина Ристевска, претседателка на ОО на СБМ, о. Кисела Вода.

Би можело да ве интересира

„Прилеп Фото Фест“ за љубителите на фотографијата

Пела Редакција

Атлантис на Витаминка се облече во розово за охрабрување на жените во борбата против рак на дојка

Пела Редакција

Насилството има име и треба да се пријави-„16 дена активизам против насилството“ (ВИДЕО)

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе