11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

(ВИДЕО) Крмов: борбениот дух на партијата е пресликан во прилепските советници на Левица

Со интонирање на Интернационалата, химната на партијата Левица и химната на Република Македонија во организација на ЛО Прилеп на партијата Левица, по повод Денот на народното востание – 11 Октомври, одржа трибина во киното Мис Стон во Центарот  за култура Марко Цепенков, на која присуствуваа членови, поддржувачи и симпатизери. Иако на трибината беше најавен дека ќе говори Димитар Апасиев, претседател на Левица и пратеник,  пред присутните се обрати Борислав Крмов, пратеник во Собранието од Левица.

За новинарите Крмов посочи дека за прв пат е во Прилеп за 11 Октомври и дека очекувал традиционално празнување со показни вежби на Армијата:

– Мислам дека тоа треба да се врати, затоа што ова е воен празник, значи празникот за воено почнување на ослободителното востание од НОБ. Ова е еден од најголемите празници на македонскиот народ и локалниот огранок на Левица организираше програма, бевме на Могилата на непобедените, се поклонивме на хероите и имаме за проекција еден краток филм.

Крмов на новиранско прашања за толку колку се задоволни од работата на советниците и на членството во Прилеп рече дека апсолутно се согласуваат со нивниот начин на работа:

-Мислиме дека го носат оној борбен дух кој што е општ за Левица, кој што еве ние го носиме во Собранието. Апсолутно е пресликан во работата на Советот на Општина Прилеп. Мислам дека тие изградија еден имиџ на борци на вистински застапници за интересите на жителите на Прилеп.

Во однос на пораката која би ја упатил од Прилеп на празникот тој рече:

-Овој празник во минатато мислам дека беше потиснат, посебно кога беше ВМРО ДПМНЕ на власт и сега мислам дека баш под притисок на Левица, овој празник се враќа. Овој празник е еден од најголемите празници кој што е на македонскиот народ, ова е празник на борбата, на востанието и пораката е дека ние мораме да продолжиме да се бориме, малку на поинаков начин, борбата е малку поинаква, но борбата продолжува, ќе се бориме се до конечна победа.

За актуелните анкети за рејтингот на политичките партии и политичарите Крмов оцени дека тие пристигнуваат од две страни:

– Левица не нарачува анкети. Обично анкетите пристигнуваат од едната или од другата голема партија. Јас мислам дека ни на едните ни на другите не им е во корист да го прикажат вистинскиот рејтинг на Левица и мислам дека секаде сме спуштани, дури и на анкетите на кои што сме спуштени мислам дека солидно котираме.Очекуваме одлични резултати на претстојните парламентарни избори.

Според Крмов ништо не постои што може да ги натера пратениците на Левица да гласаат „ЗА“ уставни измени, а во однос на претстојните избори, тој посочи дека парламентарните треба да се одржат заедно со претседателските избори со запазување на законските рокови.

Би можело да ве интересира

Македонското земјоделство остана без заштита од градоносните облаци

Украл 3 возила и и’ признал на полицијата

Пела Редакција

Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем (52)

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе