18.3 C
Прилеп
понеделник, 12 мај, 2025
Пела Радио

Денови на Крали Марко во Прилеп

Традиционалната манифестација „Денови на Крали Марко“ во Прилеп се одржа и годинава, како присет на младите од градот, кој во историјата е најмногу поврзан со неговото име. Стотина ученици од двете основни прилепски училишта „Блаже Конески“ и „Рампо Левката“, денеска подготвија приредба посветена на јунакот опеан во многу народни песни, кој живеел во тврдина на калето што се издигнува над Прилеп, а го носи неговото име – Маркови Кули.
Основците инспирирани од ликот на Крали Марко денеска на денот на неговата смрт, ги прочитаа своите лични творби и еден час креативно сликаа свои мотиви за Крали Марко.
На сите учесници на овој настан, Општина Прилеп како организатор им додели благодарници. Овој литературен и ликовен час за основците, посветен на балканскиот јунак Крали Марко (1335-1395) се одржува во Прилеп традиционално по дванаесетти пат.

 

Би можело да ве интересира

Концерт на Октетот „Прилеп„

Гордана Цветаноска

Изложба на слики од Ниче Василев

Елизабета Филипоска

Во 2024 прилепскиот центар за култура реализирал над 230 културни настани

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе