30.6 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Концерт на Октетот „Прилеп„

Октетот Прилеп вечерва во  19.30 часот, во големата сала од ЦК „Марко Цепенков“ ќе го одржи годишниот концерт, на кој ќе се претстави со избор на убава музика. Ќе бидат исполнети дел композиции од сопствениот репертоар, ( Розо моја, Пусти мерак Ратке, Дај ми љубов Трено, Секоја вечер пијам се враќам .. и др.) кои ќе ги пленат посетителите како и многупати досега. Освен тоа ќе бидат испеани и други познати  староградски  песни.

Гостин на концертот ќе биде Сефедин Бајрамовски.

Октетот Прилеп 24 години ја негува староградската песна и го претставува градот на бројни фестивали. Неодамна на фестивалот Илинденски денови се закити со награда за најдобра интепретација на староградска музика.

Досега има издадено неколку албуми. Работи под покровителство на ЦК„Марко Цепенков“.

Би можело да ве интересира

Излезе од печат новиот број на списанието за литература, уметност и култура „Стремеж“ 2 за 2021 година

Отворена изложбата на дела од 17-та ликовна колонија „Марко Цепенков – Дрен”

Новогодишен концерт на учениците од Музичкото училиште Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе