14.7 C
Прилеп
сабота, 19 април, 2025
Пела Радио

Денес е Митровден! Што значи кога на Митровден врне дожд?

Македонската православна црква и верниците денес слават Митровден – празник што многумина го обележуваат како слава или именден.

Денес, на 8. ноември, православната црква и нејзините верници го прославуваат празникот посветен на Светиот великомаченик Димитриј, народно попознат како Митровден.

Митровден е еден од празниците со кој се поврзуваат мноштво народни обичаи. Еден од нив е и претскажувањето според времето – ако денес врне и студи, нè очекува долга и ладна зима со многу снег.

Исто така, постои верување дека на овој празник, исто како и на Божиќ, би требало да бидете дома, освен ако не сте поканети на слава. Оттука и старото верување дека ако ноќта на Митровден ја поминете надвор од дома, цела година ќе спиете надвор од дома и ќе скитате по туѓи куќи.

Кој бил Свети Димитриј?

Митровден му е посветен на античкиот командант од Солун од третиот век, измачуван и погубен поради тоа што го ширел христијанството. Свети Димитриј бил почитуван како еден од најважните православни војници меѓу светителите. Сите православни христијани и верници го слават овој великомаченик, верувајќи во неговите исцелителски моќи.

Би можело да ве интересира

Пример за почит – пратеничката плата за помош

Гордана Цветаноска

Граѓаните сами да се бранат од паушни сметки од ЕВН, компанијата нема капацитет за фер наплата

Пела Редакција

Како и кога настанала песната „Ѓурѓовден”?

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе