30.2 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Возот за Скопје денеска тргна навремено од прилепската железничка станица

Возот Битола-Прилеп-Велес утринава од Железничката станица во Битола тргна според возен ред во 03:10 часот и навремено тргна од железнчката станица во Прилеп.

Вчерашното, не доаѓање на возот, беше трето онеспособување на пругата и беше најкратко во однос на другите. Непознати сторители палат стрништа покрај пругата и така се запалуваат праговите. Вработените од Македонски железници мораат итно да ги заменат изгорените прагови со нови и повторно да ја оспособат пругата Битола-Скопје.

Првиот прекин со најголема штета за Македонски Железници, се случи на 25 септември, кога изгореа илјадници прагови на пругата кај Браилово, прилепско, поради што железничкиот превоз беше во прекин осум дена. Вториот пожар на стрниште се случи на 12 октомври, по што беа зафатени околу 200 прагови на пругата кај Браилово Прилепско, поради што неколку дена возот,повторно, беше во прекин.

Воедно, од 25 октомври со одлука на МЖ транспорт наместо три од тогаш сообрајќа само еден воз на релација Битола-Прилеп-Велес-Скопје и обратно.

Би можело да ве интересира

Мала делегација одржа комеморација во чест на жртвите од Првата Светска Војна на германските гробишта во Прилеп

Заедно да го промениме светот на Дејан – бидете хумани !

 Митрополит Петар: Климентовото дело има апостолски размери

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе