7 C
Прилеп
сабота, 29 март, 2025
Пела Радио

(ВИДЕО)Со отворен час одбележани 30 години од смртта на Блаже Конески

Во организација на Фондација за македонски јазик Небрегово и НУ Завод и музеј Прилеп денеска се одржа отворен час во чест на кодификаторот на македонскиот јазик Блаже Конески по повод 30 години од неговата смрт. Отворениот час започна со полагање на цвеќиња на споменикот Блаже Конески на платото од Центарот за култура Марко Цепенков, од делегации од НУ Завод и музеј Прилеп, од НУЦК „Марко Цепенков“, општините Прилеп и Долнени, од библиотеката, од ОУ „Блаже Конески“ и од Клубот на литературни творци – Прилеп. Во чест на великанот со творби се претставија ученици од ОУ „Блаже Конески“, како и поети од Клубот на литературни творци – Прилеп.

 

Како научник-славист, Конески ги направил најголемите чекори за македонскиот литературен јазик. Учествувал во Комисијата за азбука, во составувањето на првиот Правопис, ја напишал Граматиката на македонскиот јазик, но и Историјата на македонскиот јазик, а е еден и од составувачите и главен редактор на тритомниот Речник на македонскиот јазик. Родната куќа на Конески во селото Небрегово, од 1-ви август 2005-та година е прогласена за македонски Споменик на културата.
Блаже Конески е роден на 19 декември 1921 во прилепско Небрегово, а почина на 7 декември 1993 во Скопје.

Би можело да ве интересира

Инспиративна изложба на прилепскиот уметник Давид Атанасоски

Прилеп: Продолжува нагорната Ковид линија

Гордана Цветаноска

Беспрекорен Фестивал на македонската култура и храна во Мелбурн (ГАЛЕРИЈА)

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе