13.6 C
Прилеп
четврток, 19 септември, 2024
Пела Радио

Прилеп подготвен за одбележување на градската слава Св.Никола

Во Прилеп сѐ е подготвено за одбележувањето на Св.Никола, патрон  парзникот на градот. По тој повод градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески, ги поканува сите граѓани и добронамерници да дојдат во Прилеп, на 19 –ти декември и да присуствуваат на чествувањето на градската слава.

„Нашиот патрон празник  Св.Никола, заштитникот на градот Прилеп, е празник  на мирољубивост, смирение и љубов! Како Општина Прилеп, заедно со нашиот овогодишен домаќин, компанијата Комфи Ангел, го славиме со сета почит кон светецот. По тој повод,   на 19-ти декември на празникот Св Никола-Чудотворец, како градоначалник на Општина Прилеп Ве поканувам, да ја одбележиме градската слава во духот на заедништво, слога и взаемна почит .„- истакна тој

Честувањето на празникот Св.Никола, започнува во 08:00 часот со Архиерејска Божествена литургија, со која ќе чиноначалствува митрополитот Преспанско-Пелагониски г- Петар , во Црковниот храм „ “Св.Блоговештение“-Прилеп. Литија, во чест на Св.Никола Чудотворец, ќе се одржи во 11,оо часот од црквата Св. Благовешетение до Параклисот „Св. Никола“,  изграден во чест на патронот. Водосвет и прережување на празничниот колач ќе се изврши пред Параклисот на “Св.Никола„ во центарот на градот во 11,30 часот. А, потоа, за сите доборнамерници ќе биде послужена празнична, посна, светиниколска трпеза, во центарот на градот, која ја подготви домаќинот на овогодишната градскта слава, компанијата Комфи Ангел – Прилеп.

По повод градската слава,  на плоштадот „Александрија“ за сите посетител, ќе биде организирана и пригодна, културно-уметничка програма.

А, поеделник (18.12.2023) одбележување на празникот св. Никола традиционално ќе го чествуваат и жителите од населбата „Жабино Маало„,кои исто така овој светец го имаат за свој заштитник. Чествуањето и та му ќе биде одбележано  со пригодна  музичка програма

 

 

 

 

 

 

 

Би можело да ве интересира

Од март, нова услуга на сметките за прилепчани од ЈКП ВиК

Гордана Цветаноска

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Прилеп одбележува 78 години од Денот на конечното ослободување од фашизмот, 3 ти Ноември

Емиратите ѝ донираа 10 тoни медицинска опрема на Македонија и тестови за коронавирус

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе