29.1 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Дождот и снегот на Плетвар принудуваат на внимателно возење

Силен дожд, ветер, а на места и снег има во Пелагонија, а особено интензивни се врнежите од снег на Плетвар.

Поради обилни врнежи од снег и задржување на истиот на коловозот, воведена е забрана за движење на тешки товарни возила на повеќе превоји: Кичево -Гостивар и обратно, на патниот правец Гостивар- Стража – Маврово, на патниот правец Крива Паланка – Г.П. Деве Баир ,Берово-Струмица.

Од 22:55 часот се укинува забраната за сообраќај за тешки товарни возила на планинскиот превој Ѓавато инфомрираат од АМСМ.

Порталот 4NEWS.mk дека имало тешка сообраќајна несреќа на патот Битола-Прилеп доцна вечерва,каде едно  едно возило е превртено на кров.

На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонија пат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ  се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни, иформираат од Македонија пат.

 

Би можело да ве интересира

Проданоски: Додека народот гладува и тоне во сиромаштија, премиерот Ковачевски си прави екскурзии

Мицкоски: Да, денеска и утре ќе бидат исплатени субвенциите за тутун

Пела Редакција

Уште 2 случаи со Ковид 19 регистрирани во Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе