11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Прилеп сеуште го држи Гинисовиот рекордот во направени 80.000 посни светиниколски сармички

Прилеп се подготува за одбележување на закрилникот на градот, Св.Никола. Св.Никола за патрон на градот беше прогласи пред 18 години, со одлука на Советот на Општина Прилеп. A, по три години манифестација, се креираше и  идејата да се влезе во Гинисовата книга на рекорди, со најубавите и најмалите сармички кои постојат во Светот, светиниколските. А, толку мали и вкусни, се изработуваат само во Прилеп , бидејќи само прилепските домаќинки ја знаат тајната на подготовката, а светиниколските ситни сарми се вековна традиција во Прилеп за празникот Св.Никола, “оти секоје второ семејство го слави, а другите им одат на гости”, велат прилепчани.

.

(Оригинални фотографии)

Сармите ги изготуваа 180 прилепчанки, здружени, од повеќе женски здруженија, кои за неколку часа ја направија “најголемата чинија со зелка„,  80.000 (осумдесет илјади ) посни сармички, (поточно 80.191 мали посни сарми, за  80.191 жители) сите со големина на лешник (поточно 1х1 см).

За сармите се потроши еден тон кисела зелка и 60 килограми ориз, а според правилата на „Гинис“ сармичките требаа да бидат готови во еден ден. Се броеше секоја сарма.. И, 2008 година, Прилеп и Македонија, со овој рекод, официјално влегоа во Гинисовата книга на рекорди,  со најголемата порција светиниколски сарми и го срушија педходниот рекорд од 6800 сарми, кој го имаше Нови Сад.

Прилеп со ова се промовираше како туристичка атракција за празникот Св.Никола, што градот го означи и како градска слава, како заштитник на градот и како патрон празник.

Телал Омер, судијата од седиштето на Гинис во Лондон, тогаш,  на градот официјално, на 19 ти декмври 2008 година, му го предаде сертификатот за Гинисовиот рекорд, прв за Македонија.

Рекордот е соборен во Ноември 2014 на настан организиран и промовиран од Kaufland во Романија, не информира наш читател“, за што му благодариме, но не добивме инфомрации колку повеќе срмички направиле Романците.

МОЖЕТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:

Работејќи во редакцијата на BBC- македонска редакција, Елизабета Филипоска го забележа настанот и го промовираше Прилеп, преку најголемата медиумска куќа во Светот .Таа го архивира и тогаш ја објави следната приказна за овој настан:

https://www.bbc.co.uk/macedonian/news/story/2008/12/081218_prilep_sarma.shtml

 

Прилепските сарми за „Гинис“
Многумина се вклучија во виткањето...
Прилеп ќе се обиде со еден невообичаен настан од кулинарството да влезе во Гинисовата книга на рекорди.

На денешниот празник „Св Никола”, прилепчани направија 80.191 мали посни сарми, и со тоа аплицираа за Гинисовата книга на светски рекорди.

Доколку се утврди оригиналноста на настанот, тоа би бил првиот македонски рекорд кој влегол во „Гинис“.

Специфичност и оригиналноста на прилепските сарми, со кој Прилеп конкурира во „Гинис е“ изработката.

Сармата не смее да биде поголема од 1 сантиметар а се прави од мало парче кисела зелка во која се става само 10-тина зрнца ориз.

180 жени се вклучија во акцијата, да направат 80.000 мали посни свети-николски сарми, со цел Прилеп да влези во „Гинисовата книга“ на рекорди во правење сарми и да го урне досегашниот рекорд кој го држи српскиот град Нови Сад со подготвени 6.800 сарми.

-„Да го означиме стартот! Три, два еден…На помош да е празникот! До година повесели! Ја почнувам првата сарма!“- рече најстарата учесничка и започна виткањето на сармите.

Во акцијата правење сарми се вклучи и прилепскиот градоначалникот Марјан Ристески, кој е носител на идејата:

-„Ќе направиме 80 илјади сарми! Ќе направиме! Еве, практично да ви покажам дека знам и јас да правам сарма! Вака?!”

За сармите се потроши еден тон кисела зелка и 60 килограми ориз, а според правилата на „Гинис“ сармичките требаа да бидат готови во еден ден. Се броеше секоја сарма.

Ентузијазмот и желбата да се успее беа мотив прилепчанки да ги исполнат критериумите:

-„Чувството е навистина прекрасно и е посебна чест да се учествува на ова традиционално виткање на сармите.”

-„Интересно е! Би сакал и наредните години да остане ова како традиција!”

Но, да се виткаат сарми и не е така лесно:

-„12 -14 часа веќе виткаме сарми, убаво е но и заморно. Плеќите веќе болат.”

-„Рацете болат, тука во зглобовите!”

Но кога се направи и последното 80.191 сармиче, заморот исчезна и настапи радоста на успехот:

-„Го правиме последното сармиче! Завршивме! Ова е успех на сите! Ќе не’ паметат идните поколенија. Ќе се радуваат што сме влегле во Гинисовиот рекорд.“

Зошто Прилеп го направи сето ова?

-„Гинисовата книга на рекорди е најдобрата можност за бесплатна промоција на Прилеп и Македонија во светот”, потенцира Ане Лашкоска, шеф на кабинетот на прилепскиот градоначалник.

-„Прилеп е единствениот македонска град кој дошол на идеја да конкурира во ’Гинисовата книга’ на рекорди. Светскиот рекорд за виткање сарми ќе стои запишан секаде и нема кој да не разбере за Прилеп. Значи тоа е една добра реклама за градот.”

Во Прилеп пристигна и Талал Омар од Англија, официјалниот судија од канцеларијата на „Гинисовата книга“ на рекорди.

Тој ќе ги брои сармите и ќе утврди дали прилепските гурманлаци, свети-николските мали сарми, ќе влезат во „Гинисовата книга“ на рекорди.

 

Би можело да ве интересира

Почина фронтменот на “Рибља Чорба”

Пела Редакција

(ВИДЕО)Новогодишнaта приказна започна во ООУ „Климент Охридски“ Прилеп

Пела Редакција

(ФОТО)Со почит кон верата- Свечена божествена литургија во црквата „Св.Благовештение“

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе