3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

ОК ВМРО ДПМНЕ: Министерот Љупчо Николоски остана глув на барањата на тутунарите

Откупот на тутунот денеска тема на прес конференцијата од ОК на ВМРО ДПМНЕ Прилеп. Ја пренесуваме во целост:

Најнеспособната власт предводена од СДСМ и ДУИ, повторно ги остави тутунарите на милост и немилост. И покрај нивните лаги дека оваа година ќе биде вреднуван трудот на овие чесни луѓе, фактите го говорат токму спротивното.

Откупот започна без да се поткренат цените по класи. Министерот Љупчо Николоски остана глув на барањата на тутунарите кои многупати во минатото алармираа дека е потребно зголемување на цените поради зголемени трошоци за производство.

Ова е уште еден доказ дека за СДСМ не е важно тутунопроизводството и земјоделството. Погубните политики на СДСМ и ДУИ доведоа да од некогашни 30 милиони килограми, производството падне на ниски 12-13 милиони килограми тутун.

И наместо да позира на партиски настани, министерот за земјоделие требаше биде на откупните пунктови на првиот ден од откупот рамо до рамо со тутунарите. Како ќе им зборува на овие луѓе дека централната власт се грижи за тутунарите, кога за производство на килограм тутун се потребни околу 270 денари, за истиот сега да се откупува за 300 денари?  Како ќе им зборува на овие луѓе, кога владата не презеде апсолутно ништо за превисоката инфлација, за прескапите репроматеријали за производство, кога не презеде никакви конкретни мерки за олеснување на производствениот процес ниту пак сега за висината на откупната цена?

Доколку централната власт, со конкретни чекори сака да им помогне на тутунарите, потребно е владата и министерството, да интервенираат преку Тутунски комбинат Прилеп кој е во државна сопственост со кревање на  откупната цена на своите кооперанти со што би довело и останатите компании да го сторат истото.

Државниот земјоделски инспекторат треба секојдневно да биде на терен, како би се спречиле евентуални злоупотреби.

Почитувани,

Владата на СДСМ и ДУИ е минато. Токму од тутунарите и земјоделците ќе започне падот на оваа централна власт, која освен  за масовен грабеж, корупција и богатење на грбот од народот, не знае за поинаку. После парламентарните избори и големата победа на ВМРО-ДПМНЕ, тутунарите ќе добијат вистински сојузник кој ќе знае да излезе во пресрет на нивните барања и потреби.

Би можело да ве интересира

За Дедо Мраз нема препреки – донесе радост и во прилепската болница

Гордана Цветаноска

Кои екипи играат денеска?!

Елизабета Филипоска

„Сите на велосипед“ во Прилеп

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе