10.8 C
Прилеп
петок, 28 февруари, 2025
Пела Радио

Снегот предизвика проблеми на патиштата низ Македонија- сообрајќајки, одрони, забрани

Снег има на превојот Претлетвар, а лошите временски услови донесоа и неколку забрани ширум државата.

  •  Од 10:30 часот воведена е забрана за движење на автобуси и тешки товарни моторни возила на патен правец Тетово – Попова Шапка, односно на потегот од с.Лисец кон Попова Шапка.
  • Сообраќајна несреќа попладнево на планинскиот превој Стража. Две возила се судриле, а причинета е голема материјална штета. Засега не е познато дали има повредени лица.
  • Патниот сообраќај кон Беровско Езеро е во целосен прекин поради врнежите од снег и паднатите дрвја поради што од Центарот за управување со кризи (ЦУК) објавија вонредна информација со порака граѓаните, кои планирале, да не тргнуваат на пат.
  • Поради сообраќајна незгода на патниот правец Кичево – Гостивар, кај местото викано „Тајмишка раскрсница“, сообраќајот е во прекин, соопштија од АМСМ. Сообраќајот е во прекин во двата правци од 14:11 часот. Од ЈП „Македонија пат“ појаснуваат дека се очекува брза нормализација на сообраќајот.

Македонијапат е на терен за расчистување на снежните наноси, но има и застои поради одрони.

Возачите алармираат дека снежните наноси се силни

Би можело да ве интересира

Ден на независната продукција што игра македонски автор на фестивалот „Војдан Чернодрински“

Ралковски, КСС: Синдикалното движење е под постојан атак

Гордана Цветаноска

(Видео) Актер доби скршеница на нос поради што опоменал да се носат заштитни маски во маркет

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе