3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Во населбата Жабино маало традиционално чествување на празникот Свети Никола

Големиот православен празник Свети Никола и годинава жителите традиционално го чествуваа со радост и желби за здравје и просперитет. Се собраа голем број верници од населбата Жабино Маало и од другите населби пред параклисот кој го носи името на светецот како што е ред во духот на православието со водоосветување и прережување на празничниот колач. Домаќин на светиниколското чествување во насeлбата Жабино Маало, беше Љупчо Костоски,  кој се пријави и наредната година да биде домаќин за одбележувањето на христијански празник, Св Никола, заштитникот на градот Прилеп.

На честувањето на празникот покрај голем број на жители од населбата, пратеници, претставници од локалната самоуправа и Советот на Општина Прилеп , градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески, кој  изрази голема благодарност за организацијата на  домаќинот  и упати покана до сите за утрешната централна манифестација по повод градската слава Свети Никола која започнува од утринските часови со утрена богослужба, а за прв пат ќе се одржи и литија до параклисот во центарот на Прилеп.

Би можело да ве интересира

Во црквата „Вознесение Христово“ во с.Тополчани заживува духовниот живот

Елизабета Филипоска

Пачешкоски: Земјоделците без посебни дозволи, да се јават на 192 за најавување на своето движење надвор од местото на живеење

Гордана Цветаноска

Се подготува нова претстава во прилепскиот театар

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе