11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

(ВИДЕО)Владиката Петар: Нашата татковина е на работ на опстојот, да не бараме виновници надвор!

При денешното величествено чествување на градската слава Свети Никола во центарот на Прилеп, владиката Петар во своето обраќање до многубројните прилепчани и гости посочи неколку моменти кои останаа врежани како пораки кои треба многу сериозно да ги сфатиме сите. Неговото преосвештенство се осврна на актуелната состојба во Македонија, со државата, со црквата со иселувањето, со моралните вредности…Владиката Петар повика на сплотување без оглед на верска, на национална или социјална положба, на мудри одлуки за опстој на татковината:

 

– Прилеп не се откажува на традициите никогаш. Ако не се откажа за време на вирусот, Ковидот, тогаш сигурно нема да се откаже. Свети Николај е светител каков што е неговиот свет тропар пееме – образец на верата. Не бил Свети Николај само по име владика, бил по живот и по дела. Затоа бил и клеветен, бил напаѓан, бил и затворан. Но, тој истиот Свети Николај правел големи и силни дела, дури и животот си го ставил во опасност кога требало некои правилни луѓе како што пееме во неговиот кондакт да ги спаси од смрт, кои биле неправилно и неправедно осудени. И овие работи за кои говориме за Свети Николај како правило на верата и образец на кротоста и човек што ги спасил невините од смрт се наметнува прашањето – денеска ние православните, зборувам за православните кои треба да бидеме пример и на останатите, дали денеска ние сме православни во живот и дела или сме само по име? Почнувајќи од нас свештенослужителите од црквата, ние владиците, па натаму и свештените лица, но не помалку и водачите на нашето општество. Дали ние сме образец на верата и на правилата на кротоста? Дали се застапуваме за правдата поради која не се застапуваме па ни бегаат младите надвор од татковината? Се наоѓаме во тешка, пред се морална криза како народ, па може да се рече и како црква и затоа треба последни моменти се можеби да се отрезниме да се освестиме и постојано да одѕвонува во нашите уши затоа што ни е во прашање и опстојот наш и верски на православните и исто така националниот наш идендитет. Па нека одѕвонува онаа песна: Народе македонски со какви идеи си ти? Доста беше, разбуди се !!! Свести се!!! Не спиј ти!!!

Заспани сме браќа. Заспани сме кога се во прашање вредностите што треба да ги покажуваме на дело. Духовните вредности се испревртеа во денешно време како некогаш во комунизмот што беше ако сака некој да напредува се велеше дека тој е многу снаодлив, го бива. И денеска тоа се случува кога ќе видите каков криминал ни се случува секаде и на секое место и никој околу тоа не води сметка дека треба да се преземат соодветни мерки, соодветни чекори почнувајќи од нас, од нашата црква да не ги премолчуваме сите оние непријатни нешта што се случуваат, туку да бидеме ревносни во спроведувањето на правдата и на делата кои што нам ни се случуваат во денешно време.

Да си спомнеме дека Свети Николај Архиепископот Мириклиски Чудотворец направил дело што не смеел да го направи согласно каноните – да ја земе правдата во свои раце и да му удри шамар на Ариј кој погрешно учел за Христа, нашиот бог и спасител. И денеска е ситуацијата нешто слична. Зашто почнуваат веќе некои луѓе заради неправда да ја земаат правдата во свои раце што не е добро. Тоа е секаде присутно. Во тој дух сакам само да апелирам дека треба навистина сите ние без оглед на нашата припадност и верска, и национална и социјална и каде и како, кои да сме да сфатиме и да разбереме: НАШАТА ТАТКОВИНА НИ Е НА РАБОТ НА ОПСТОЈОТ. АКО НЕ ПРЕЗЕМЕМЕ СООДВЕТНИ МЕРКИ И НЕ САМО ВО ДРЖАВАТА, ТУКУ И ВО ЦРКВАТА ТОГАШ МИСЛАМ ДЕКА ДА НЕ БАРАМЕ ВИНОВНИЦИ НАДВОР ОД ТАТКОВИНАТА И ОД ЦРКВАТА, ТУКУ НИЕ ЌЕ СМЕ ВИСТИНСКИТЕ ВИНОВНИЦИ ЗА ОНА ШТО НИ СЕ СЛУЧУВА. Да се помолиме на светиот Николај да не умудри, да не’ просветли преку неговите молитви Господ и од година во година се’ побројно и подостојно да го славиме овој голем и спасоносен празник. Амин!

Би можело да ве интересира

Плетвар кај клисурите прооден – Прилепска река надојдена – (Видео) Патот кај Бегова ливада, езеро

Пела Редакција

Како ќе бидат обештетени прилепските земјоделците од невремето?!

Елизабета Филипоска

Млад уметник со мал бизнис но со голема желба и љубов кон своите уникатни рачни изработки – Матеа Поповска (ВИДЕО+ФОТО)

Никола Димески

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе