1.6 C
Прилеп
сабота, 18 јануари, 2025
Пела Радио

Во четврток седница на Совет, пред советниците буџетот на Општина Прилеп за 2024

Утре, четврток, 28-ми декември, со почеток во 09,00 часот ќе се одржи 36-тата Седница на Совет на Општина Прилеп. На дневен ред 28  точки меѓу кои програмите за работа на ЈП-ја за 2024, програмите за социјална заштита , проргама за работа на Советот на Општина Прилеп за 2024 година, предлог- Програма за социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита на Општина Прилеп за 2024 година. економски развој, образование, животна средина, спорт и рекреација, културата,  како и Буџетот за 2024 година

 

  1. Предлог-Буџет на Општина Прилеп за 2024 година.
  2. Предлог-Одлука за извршување на Буџетот на Општина Прилеп за 2024 година.
  3. Предлог-Одлука за утвдување на вредност на бодот за платите на административни службеници, за 2024 година.
  4. Предлог-Одлука за определување на висината на благајничкиот максимум.
  5. Предлог-Програма за субвенционирање на Јавните Комунални Претпријатија основани од ЕЛС Општина Прилеп за 2024 година.
  6. Предлог-Програма за субвенционирање на месечните трошоци за вода на социјално ранливи категории на граѓани за 2024 година.
  7. Предлог-Буџетски Календар на Општина Прилеп, за 2024 година.
  8. Предлог-Статутарна одлука за измена и дополнување на Статутот на Оптшина Прилеп.
  9. Предлог-Проргама за работа на Советот на Општина Прилеп за 2024 година.
  10. Предлог- Програма за социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита на Општина Прилеп за 2024 година.
  11. Предлог-Програма за обезбедување на оброк за учениците во прво и второ одделение од основните училишта во Општина Прилеп за 2024 година.
  12. Предлог-Програма за доделување на еднократна парична помош за новороденче.
  13. Предлог-Програма за доделување на стипендии на студенти од Општина Прилеп.
  14. Предлог-Програма за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести во 2024 година.
  15. Предлог-Програма за култура- фестивали и манифестации, за 2024 година.
  16. Предлог-Програма за одбележување на значајни настани, личности и празници.
  17. Предлог- Програма за доделување на награди за талентирани (наградени) ученици во основните и средните училишта во Општина Прилеп.
  18. Предлог-Правилник за доделување на награди за талентирани (наградени) ученици во основните и средните училишта во Општина Прилеп.
  19. Предлог- Програма за доделување награди за најдобар наставник во одделенска и предметна настава во општинските основни училишта и најдобар наставник во средните општински училишта во Општина Прилеп.
  20. Предлог-Правилник за услови и критериуми за доделување награди за најдобар наставник во одделенска и предметна настава во општинските основни училишта и најдобар наставник во средните општински училишта во Општина Прилеп
  21. Предлог-Програма за доделување награди за најдобар воспитувач и најдобар неговател вработени во ЈОУДГ ,,Наша иднина‘‘ Прилеп.
  22. Предлог-Правилник за услови и критериуми за доделување награди за најдобар воспитувач и најдобар неговател вработени во ЈОУДГ ,,Наша иднина‘‘ Прилеп.
  23. Предлог-Програма за поддршка на локалниот економски развој за 2024 година.
  24. ПредлогОдлука за донесување на техничка исправка на Детален урбанистички план за УЕ 5-дел, плански опфат Ц – Општина Прилеп.
  25. Предлог-Одлука за утврдување на Нацрт детален урбанистички план за  четврт 3, блок 3.1, Општина Прилеп, плански период 2023–2028.
  26. Предлог-Одлука за утврдување на Нацрт детален урбанистички план
    за четврт 12, блок 12.4, Општина Прилеп, плански период 2021–2026.
  27. Предлог-Одлука за урбанистички проект со план за парцелација за ГП 5, ГП 6, ГП 7 И ГП 8 од ДУП за УЕ бр.18, уб 18.02, плански опфат 1, во една градежна парцела, КО Прилеп, Општина Прилеп.
  28. Предлог-Акционен план за управување со отпад на локално ниво-Општина Прилеп, 2024 и 2025 година.

 

 

Би можело да ве интересира

(фото-видео) Над 300 деца ќе бидат дeл од Бадниковите поворки во Прилеп

Пела Редакција

Од 29 до 31 август „Прилеп џез викенд“ со концерти и перформанси

Пела Редакција

Намали тутунската откупна динамика, досега преземенo 65 отсто од производството

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе