Советот на Општина Прилеп ја одржа 37 та седница и прва во новата година, со 16 точки на дневниот ред. Членовите на Советот на Општина Прилеп дадоа позитивно мислење за Предлог-Извештајот за работата на Советот на Општина Прилеп, за 2023 година. Со мнозинство гласови беа усвоени и Предлог-Правилникот за утврдување на критериумите, начинот и постапката за распределба на финансиски средства од Буџетот на Општина Прилеп за спортски клубови, професионални спортски клубови и здруженија и фондации. Советот донесе позитивна одлука и ја усвои Програмата за работа и развој со инвестициони вложувања и Финансиски план на ЈКП ,,Водовод и канализација’’-Прилеп, за 2024 година.

Советниците дадоа согласност на одлуката за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на плата во ЈКП ,,Водовод и канализација’’-Прилеп. Воедно беше донесен сп мнозинство гласови и Финансискиот план на ЈКП Комуналец Прилеп за 2024 година, како и Финансискиот план за работењето на ЈП за ПУП Прилеп за 2024 година, а беше усвоена и Програмата за работа на ЈП за ПУП Прилеп-планирани активности во 2024 година. Покрај за ЈКП Водовод и канализација беше дадена согласно и за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈП за ПУП Прилеп за 2024 година.

Последните две точки односно Предлог-Одлуки беа изгласани со 15 гласа ЗА, и тоа: Предлог-Одлука за донесување на техничка исправка на Детален урбанистички план за УЕ 5-дел, плански опфат Ц – Општина Прилеп и Предлог-Одлука за утврдување на Нацрт детален урбанистички план за четврт 3, блок 3.1, Општина Прилеп, плански период 2023–2028.