11.1 C
Прилеп
среда, 16 октомври, 2024
Пела Радио

Детската градинка ,, Наша иднина”- Прилеп одбележа 55 години постоење

ЈОУДГ,, Наша иднина ” – Прилеп,  со пригодна програма , која се одржа во ЦК Марко Цепенков,  во преполна сала, одбележа 55 години од своето постоење и грижата за деца од предучилишна возраст во Прилеп.
„Честитки до сите вработени во ЈОУДГ,, Наша иднина ” Прилеп за макотрпната работа! Благодарност до сите родители за секојдневната соработка и поддршка!“ рече директорката на ЈОУДГ,, Наша иднина ” Прилеп, Христина Трпечска.
„55 години од своето постоење на ЈОУДГ,, Наша иднина ” Прилеп  значи 55 години грижа и восипитување на 55 генерации, тоа значи 55 години грижа и едукација на нашето најсветло во семејството и во заедницата – децата! А, кога станува збор за најмладите, за нивниот ран детски развој и грижата околу нив, ние како локална самоуправа, заедно со раководството на градинката „Наша иднина“ вложуваме максимални напори создавајќи можности децата да имаат одлични просторно -материјални и хигиенски услови за квалитетен развој, да имаат квалитетен воспитно – образован кадар за да растат, да бидат креативни и да се развиваат преку игра и интеграција, да им овзоможиме квалитетно да се едуцираат и да дружат за да се изградат во силни, воспитани и здрави луѓе. Градинките во Прилеп, денес се пријатно место за престој! Одлична можност, децата од предучилишна возраст да се дружат, социјализираат и развиваат.“-  рече градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески, честитајќи им го 55 годишниот  јубилеј на прилепската детска јавна установа.
Детската градинка „Наша иднина„ е формирана 1968 година и тоа име не е променето. Првата детска градинка била еден објект во нас.Бончејца, на истото место каде што е и сегашната градинка. Како куриозитете , децата до 70-те години од минатиот век, за престој во градинка имале – пижами, кои се переле во установата и служеле како „работна“ облека.
Градинката Бончејца во минатиото век- децата се во пижами како најпријатна облека за престој во градинка!
Денеска, градинката  „Наша иднина„ има нови соверемни принци за едукација на најмладите. Институцијата има неколку објекит,и два во населените места,  во кои се сместени над 800 деца, со 150 вработени стручен и помошен кадар. Интересот за сместување во градинка, споредбено со годините во минатиот век кога децата ги чувале членови од семејството, денекса е значително голем.
Секоја година на  листата на чекање за сместување во ЈОУДГ,, Наша иднина ” Прилеп  се наоѓаат 250 /300 деца. Во насока на заголемување на капацитетите за згрижување на децата од предучилишна возраст, општината изгради нова градинка во нас. Точила , која се очекува наскоро да биде пуштена во употреба.

Би можело да ве интересира

ЈКП Комуналец: Од 7 часот утринава Прилеп е подготвен за втората фестивалска вечер

Утре, четврток, без електрична енергија три прилепски села

Градоначалникот Јовчески упати велигденска честитка

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе