3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Водици 2024 Прилеп: прва среќа за 24 годишниот Влатко Орданоски

Централната манифестација во Општина Прилеп, чинот на положување на светиот крст во водите по повод големиот православен празник Богојавление – Водици  се одржа во базенот на хотел Салида  со присуство на голем број верници. За учество беа пријавени 124 верници, од
кои и 14-тина девојки, од кои најсреќен  беше 24 годишниот Влатко Орданоски, прилепчанец кој живее во Германија.

Радио Пела вршеше пренос во живо од централната манифестација:

Рано утрово, по традиционалното пуштање на гулабите во 07:00 часот  и свечената божествена литургија, во 09:30 часот се положи светиот крстот и во фонтаната во дворот на црквата Св. Благовештение, по кој се фрлија 20 деца од 7 до 12 годишна возраст,меѓу кои и две девојчиња. Најсреќен од пријавените скокачи, беше 12-сет годишниот Димитар Мицески, ученик во ООУ „Гоце Делчев“ кој прв пат влегува во осветените води на празникот Богојавление, среќен што го
изваде крстот од осветените води. На настанот присуствуваше градоначалникот на Оптшина Прилеп Борче Јовчески, кои на среќниот момче му даде дарови, како и претседателот на Совет, Дејан Проданоски, членови на советот, пратениците и претставници на јавните комунални претпријатија.

Би можело да ве интересира

Во Цепенков изложба на големите јапонски мајстори за дрворези

Пела Редакција

За Дневните центри за деца со посебни потреби сеуште нема одлука кога ќе почнат со работа

Елизабета Филипоска

Хепатитс Б и Ц – подмолна болест која годишно “убива“ 1,34 милион луѓе

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе